
Колку македонската публика има култура за следење на културни настани? Ова прашање особено се наметнува во екот на летните културни настани под ведро небо.
За жал, многумина сведочат дека публиката е некултурна и на тој начин покажуваа непочитување кон настапувачите, но и организаторите.
Ѕвонење на мобилни се честа појава, врева од деца, постојано станување и преместување во публика.
Фатма Бајрам-Аземовска, библиотекарка од Битола и активистка сподели интересна порака до сите следачи на културните настани!
- Културата не е само на сцената. Таа се гледа и во публиката.
На културен настан:
• не се зборува;
• не се шушка меѓу публиката;
• телефонот е на нечујно;
• не се доцни;
• не се станува без потреба;
• не се носат деца на настани што не се наменети за нив;
• се почитуваат организаторите, логистиката и правилата;
• вработените се облекуваат достоинствено и соодветно на настанот.
Културата не е само она што го гледаме. Таа е и начинот на кој се однесуваме, комуницираме и се претставуваме, сподели таа преку фејсбук објава.
- На концерт на сериозна музика не се аплаудира меѓу ставови, гласи еден коментар на нејзината објава.
Очигледно, на моменти, на македонската публика ѝ недостасува општа култура!
- Се е општа култура, ама некако во пракса тешко функционира. И ако не им оди на концерти не мора да зјапаат цело време во телефоните нели, само да бидат видени дека се присутни, заклучува Бајрам-Аземовска.