Некст Тајм со голем концерт во Скопје, Лозано ќе им биде гостин

На 17-ти декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, голем солистички концерт ќе одржи македонскиот музички бренд - „Некст Тајм“.

Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, на чело со маестралниот композитор и музичар – Николче Мицевски, со кои ќе го презентираат нивното музичко творештво, како и материјалот од нивниот последен албум „Мајка“.

Публиката со нетрпение го очекуваше токму овој момент за тие во живо и на голема бина да ги отпеат нивните најголеми хитови како што се: „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам Бабо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Кога падна на пирина“ и уште многу други.

„Пријатели ве очекуваме во голем број, да уживаме во македонска музика и музички СПЕКТАКЛ“ – порача Стефан на социјалните мрежи.

„Ве чекаме на концерт! Сметаме на вашата поддршка. Фала. 17-ти декември, „ЈанеСандански“ – објави и Мартин на својот профил на Фејсбук.

Специјален гостин на концертот ќе биде еден од најдобрите вокали на овие простори, нивниот колега и многу добар пријател, Влатко Лозаноски – Лозано.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на MkTickets, како и во повеќето градови во Македонија.

* ЛитеретураМК Superstore - City Mall

* Литература - Улица Македонија

* ЛитератураMK - „ГТЦ“

* ЛитератураMK – „Веро Џамбо“

* ЛитератураMK – т.ц. Буњаковец

* Билетара на Универзална сала

* Макпетрол - Илинденска

* Макпетрол - Влае

* Макпетрол - Козле

* Гранд - Тетово

* Кафе бар Монако - Тетово

* Кафе Агора - Куманово

* TA Бран – Прилеп *TA Вис Пој - Охрид

* Вона 5 - Гостивар

* ТА Меридијан - Кичево

* Кафе Бар Концепт - Струмица

* Уни сон - Велес

* Литература – Битола

Наскоро повеќе информации поврзани со овој голем музички спектакл закажан за на 17-ти декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.