Неколку возила се судрија во близина на Мавровка

Предмалку на раскрсницата кај ТЦ Мавровка се случи сообраќајна несреќа.

Во судирот учествувале четири автомобили, а во едниот од нив биле забележани бебиња, пишува „Алсат“.

Полицијата е веќе на местото на настанот. Првичниот впечаток е дека еден од автомобилите веројатно поминал на црвено светло и ја предизвикал несреќата, како што пишува „Алсат“.

Во моментов сообраќајот по раскрсницата се одвива отежнато.