Неколку сурови вистини кои ретко кои луѓе ги разбираат...

Никој не е баш толку зафатен да не може да ви одговори

Тој тип или таа девојка, тие не се премногу зафатени за да не можат да одговорат на вашата порака. Работодавецот не е толку зафатен за да не може да ви одговори на вашата е-пошта. Ако некој не ви одговара, тоа е затоа што тоа го избрал. Колку побргу престанете да измислувате изговори за луѓе кои ве игнорираат, толку побргу можете да се посветите на луѓето кои ви посветуваат внимание. 

Секој човек смета дека неговите интереси се најважни

Без оглед на тоа колку е некој љубезен или грижлив, тие секогаш прво ќе се грижат за своите интереси. Дури и најдобрите партнери не можат да сфатат што е она што ве вади од такт доколку не им кажете. Дури и најдобриот шеф нема да биде свесен дека ве преоптоварува со работа доколку вие го прифаќате тоа без збор. За жал, луѓето постојано ќе се трудат да ги поместуваат вашите граници на толеранција, сѐ додека не дојде до отпор од ваша страна. На вас е да ги дефинирате и одржувате границите. 

Никогаш нема да можете да ги задоволите сите

Ако навистина постојано се трудите околу туѓите желби, на крајот ќе завршите во безживотна состојба, празни и без чувства. Едноставно е невозможно да ги задоволите сите. Секогаш ќе има некој кој ќе најде некаква замерка и ќе бидете критикувани што и да правите, па затоа правете го тоа што го сакате. Ако треба да слушате нечиј суд, тоа треба да биде сопствениот. 

Светот не ви должи ништо

Можеби сте најдобрата, најмилата, најпаметната и најинтересната личност на светот, но ако не ги покажувате тие карактеристики, не заслужувате ништо само затоа што ги поседувате. Луѓето кои имаат моќ знаат дека постојат два избора: цел живот да кукате поради тоа што не го добивате она што заслужувате или да се борите за она што го сакате и што мислите дека го заслужувате. 

Зборувањето за вашите ограничувања, само подлабоко и поцврсто ве држи во нив

Можете да го поминете целиот живот велејќи дека немате време, пари, енергија за остварување на вашите желби. И тоа можеби е вистината, но суровата вистина е дека секој човек има барем еден добар изговор за тоа зошто не го живее животот којшто го сака. Разликата меѓу луѓето кои го добиваат она што го сакаат и оние кои не го добиваат она што го сакаат е што првите ги игнорираат сопствените изговори.

Вас ве дефиннираат вашите дејства, а не вашите мисли

Можете цел ден да седите во затворен простор и да сонувате за подобар свет, но сѐ додека не излезете надвор и не почнете да работите на промени, вие всушност не правите никаква промена. Добрите намери се прекрасна работа, но ако не се поткрепени со дејства, тогаш сѐ е залудно. На крајот, вашиот карактер е обликуван од она што го правите, а не мислите.

Никој нема да ве спаси од сопствениот живот

Сите сакаме да веруваме дека љубовта на нашиот живот, работата од соништата или изненадувањето кое никогаш не сме го очекувале нѐ чека веднаш зад аголот. Кога сме незадоволни таму каде што сме, ние нерационално се надеваме дека ќе дојде до драстични промени кои ќе нѐ спасат од нашата мизерија. Но, животот не функционира на тој начин. Никој нема да дојде на бел коњ за да ве спаси и ако сакате промени во животот, вие самите треба да ги создадете.