Неколку скопски општини утре ќе останат без вода и електрична енергија

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре без вода ќе останат делови од општините Бутел и Сарај, додека од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија ќе останат делови од општините Сопиште, Кисела, Карпош, Кисела Вода и Аеродром. 

Поради промена на затварач, (шибер) од ф – 100мм., на ул. Благоја Паревиќ бр. 50 во н. Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат  корисниците  од ул. Благоја Паревиќ и ул. Никола Малешевски  од  09:00 часот до завршување. Поради чистење и дезинфекција на резервоар Матка утре во периодот од 09.00 до 13.00 часот, ќе има прекин на водоснабдувањето во населените места Горна и Долна Матка. 

 Без електрична енергија ќе останат следните населени места: 

  • Во време од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. 8, Сопиште 
  • од 12.00 до 15.30 часот, корисниците од ул Благоја Гојан и уличките до истата. 
  • од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул.Јуриј Гагарин бр.26, 28, 30, 32, 34, 36, 38, 40, 42, 44
  • во период од 11.00 до 14.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски подулица број  9 - објекти во близина на пругите за Цементара 
  • од 08.30 до 13.30 часот, корисниците од ул Богомилски Поход и околните улици,  
  • од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од м.в Габечки дол во Добри дол на крај на селото
  • од 08.30 до 14.30 часот, потрошувачите после пруга кон с.Кондово до обиколницата