Неколку скопски општини денес без електрична енергија

Од ЕВН Македонија информираат дека поради изведување технички зафати, без електрична енергија ќе останат жителите на општините Гази Баба, Карпош. Бутел  и Кисела Вода. 

- во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Боривое Милошевски, како и дел од корисниците од ул. Перо Наков лоцирани во околината на Кванташки Пазар. (општина Гази Баба )

- во периодот од 08.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Римска, Атинска и Анкарска. ( општина Карпош )

- во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Црвени Брегови и Љуба Ивановиќ, како и корисниците на потегот од бул. Босна и Херцеговина до раскрсница со бул. Христијан Тодоровски Карпош. ( општина Бутел )

- во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците лоцирани во околината на кафана Теферич во населба Теферич. ( општина Кисела Вода )

- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Љубин, како и објектите на Даути Комерц и УКА Комерц. ( општина Сарај ), корисниците од ул. 15 од бр.1 до бр.228 во населба Радишани, како и корисниците од ул. Радишанска лоцирани на потегот од црквата кон продавницата.  (општина Бутел )