Неколку скопски населби денес ќе останат без електрична енергија

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес без електрична енергија ќе останат неколку скопски населби.

во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Иван Манолев. (општина Бутел)

во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Ордан Чопела од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. Јајце. (општина Чаир)

во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Струшка. (општина Карпош )

во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул.21 во Сопиште (општина Сопиште) како и корисниците од ул. Шидска бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42. (општина Ѓорче Петров)

во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Румена Хаџи Панзова. (општина Кисела Вода)

во периодот од 13.30до 16.00 часот, корисниците од место викано Осојница во Сопиште. (општина Сопиште).