Неколку пријави за каснување од куче, дел од нив на иста улица во Скопје

Сношти, во вечерните часови, во полициските станици низ Скопје имало неколку пријави за каснување од куче скитник. Како и минатата недела што се случи, така и оваа, се забележани две пријави на иста улица, во краток временски период. 

На 01.12.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје, С.С.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.

На 01.12.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Х.С.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„Жорж Бизе“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 01.12.2021 во 21.50 часот во СВР Скопје, М.Ц.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Жорж Бизе“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.