Неколку лица насилно му влегле во домот и го претепале

Вчера во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Шуто Оризари во Скопје, неколку лица ги оштетиле прозорците и влезната врата од семејниот дом на Б.Џ., по што влегле внатре и физички го нападнале и му нанеле повреда.

Полициското одделение од Шуто Оризари извршило увид на местото на настанот и се преземаат сите мерки случајот да се расчисти.