
Студен бран деновиве ја зафати Македонија. Утрово најниската измерена температура била во Берово од -12 степени Целзиусови.
Следуваат -11 Крива Паланка, -10 Демир Капија, Kрушево, Попова Шапка, -9 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово, Mаврови Анови, -8 Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, -7 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, -5 Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.