Неколку делови од Скопје утре ќе бидат без електрична енергија

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утр делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.

Според најавата, без струја од 8:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците на дел од селото Долно Лисиче во општина Аеродром, како и објектите спроти трговскиот центар „Ист Гејт“.

Во истиот термин, електрична енергија ќе нема и на делови од улиците Божидар Рајковиќ, Горноврановска и Горно Лисиче во општина Аеродром.

Прекин на електричната енергија ќе има и во општина Ѓорче Петров, каде што од 8:00 до 16:00 часот без струја ќе останат корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци и Веле Марков.