Вистината е дека некои врски е подобро да ги оставиме зад себе.
Photo by Saurabh Bahadursha on Unsplash
Некои луѓе подобро е да останат како спомени – стари љубовници, заборавени пријатели, токсични роднини.
Некои односи не заслужуваат втора шанса. Иако некогаш веруваме дека работите ќе се сменат и ќе бидат подобри, не се сите луѓе вредни за нашиот труд и енергија. Едноставно, не вредат во нив да вложуваме енергија.
Некои односи не ги заслужуваат нашите солзи. Ако не сме ценети прв пат, тогаш како би биле повеќе ценети кога би дале втора шанса? Тоа нема да ни донесе никаква исполнетост и среќа, туку на долг рок уште повеќе ќе нè повреди.
Не се враќајте кај оние кои не заслужуваат втора шанса. Да, секој греши и некогаш треба да простиме, но самото срце знае кога тоа е добра одлука, а кога не е. Не заслужуваат втора шанса оние со кои никогаш не постоел баланс во односот.
Престанете да ги преиспитувате врските и пријателствата кои не го заслужуваат вашето внимание. Наместо тоа, дајте си шанса повторно да бидете среќни и дајте им шанса на нови луѓе да влезат во вашиот живот.
Тоа што некому не сакате да му дадете втора шанса, не значи дека сте лоша личност, или пак дека тие се лоша личност. Едноставно можеби не си одговарате и тоа е тоа.