Некаде на светот постои човек кој се моли за жена како вас

Не се трудете да бидете убави. Општеството секогаш ќе ви ја наметнува убавината како нешто што морате да го имате, но да ви кажам нешто искрено?

Заборавете на тоа.

Не се трудете да бидете убави.

Бидете лути, насмеани, забавни, интересни, посебни, интелигентни.

Постојат толку многу работи кои можете да бидете, освен убави. 

И што е убавината? Неколку букви со различно значење.

Додека наутро поспани се гледате во огледало.

Додека расфрланата коса ви ја следи размачканата шминка. 

Додека ја испиете првата голтка кафе, ослободени од она што треба да бидете.

Додека се смеете скриени меѓу полиците на туѓите очекувања, додека лежите навечер во своите пижами или неговата маица која е двапати поголема од вас, додека се лутите на себеси затоа што не сте задоволни од она што го гледате, додека доцните, додека ги кажувате погрешките реченици, па паѓате во некои меѓупростори, додека се лутите и прокосите, додека сте љубоморни и живи. 

Додека не ве сакаат или не се сакате себеси, знајте дека некаде на светот постои човек кој се моли за жена како вас. 

Бидете своја сопствена верзија на неверојатноста. Тоа е многу поважно од која и да било убавина 

(Сања Парамински Аиша)