Нека нè ве плаши утрешниот ден

Нека нè ве плаши утрешниот ден.
Нека не носи немир во вашиот свет. И ум и срце.
Нека не ви ја краде радоста на живеењето и мирот на постоењето.
Нека не ви ја одзема слободата на размислување. И изборите и мудрите одлуки. За вас. А кои ќе влијаат и на оние кои ве опкружуваат. 

Заземете став и цврста одлука дека ќе останете мирни и верни на себе. На својата душа и срце, на своето битие.
И не дозволувајте да ве плаши новиот ден. Туку искрено радувајте му се. Затоа што вие сте тие го создавате вашиот микро свет. Секој од нас за себеси. И затоа мудро избирајте што ќе внесете во него. И кому ќе дозволите да влезе во него. 

Не дозволувајте стравовите да ве плашат. И сценаријата кои сè уште не се случиле. И веројатно нема ни да се случат. Не дозволувајте умот да се вплеткува во страшни приказни. Направете го ваш пријател, а не непријател. Давајте му мудри, внимателно избрани мисли. Кои водат кон подобро утре. И не дозволувајте му да одлутува во бездни. 

Бидете храбри. И кога ви се чини дека никој не е.
Бидете одлучни. Тогаш кога многумина се неодлучни.
И останете свои.
Особено сега!

Верувајте ѝ на својата интуиција!
Освестете ја својата душа.
Заронете во тишината на своето битие.
И побарајте ги одговорите во себеси.
Точните и непогрешливите. 

Почувствувајте го Водството во себе.
Чудесната сила која ќе ни ја даде.
Сè што ни е потребно да ги отфрлиме стравовите.
И Вербата од која никогаш повеќе не се откажуваме.

Заблескајте како најсилно светло.
Оставете ја душата да блеска во полн сјај. 

И тогаш ниту еден страв нема да може да ве одвлечка во мрак!

~ Ива Брадариќ