Негрижа и сообраќаен срам со заштитно лого

Грижата за сообраќајната безбедност и за чување и заштита на природата е на сите нас.  Значајна улога во нејзиното градење и одржување имаат приватните компании, оние кои се општествено одговорни и кои придонесуваат за градење на позитивните и здрави навики во општеството.

Утрово до нашата редакција пристигна фотографија која е пример за сообраќаен резил.  Брендирано возило е паркирано на патека за пешаци и во непосредна близина на Водно.

Фотографија која говори за ниско ниво на сообраќајна култура и за сериозен прекршок направена со возило во сопственост на компанија – импортер на автомобили во нашата држава.  Но, не е за занемарување и фактот што возилото е погрешно и несоодветно паркирано на место каде што сите ние се рекреираме и дишиме чист воздух. 

Каков е вашиот коментар на ова?