Неговиот хороскопски знак одредува во каква жена тој ќе се заљуби

Една од моќите на астрологијата е можноста да ви покаже какви се луѓето кои ви се допаѓаат и да ви покаже колку си одговорате со одредена личност. Понекогаш изгледа дека ѕвездите сепак знаат повеќе од нас.

Овен

Родените мажи во овој знак сакаат силни и независни жени. Тој сака кога таа е директна и отворена и кога се соочува со различни предизвики. Успехот и моќта се силен афродизијак.

Бик

Биковите сакаат жена која е интересна, женствена и која може да биде нивна поддршка. Тие „паѓаат“ на жени кои точно знаат што сакаат.

Близнаци

Мажот роден во овој знак може да биде маѓепсан од жена која е интелигентна, креативна и духовита. Штом таа го заслужи неговото внимание, овој маж е подготвен да направи сѐ за неа.

Рак

Раковите сакаат жени кои им се целосно посветени и кои се и помалку наивни. Доколку таа е ранлива и има потреба од маж кој ќе и помогне и ќе ја штити од другите, тоа е совршената жена за него.

Лав

Лавовите сакаат жена која сака да се покажува пред другите, која е сигурна и која обожава да комуницира. Тоа е жена која е секогаш средена и совршена и која знае да се покаже во најдобро светло. Но, таа не е само убава, туку и има смисла за хумор, паметна е и посветена.

Девица

Овие мажи „паѓаат“ на девојка која е обична. Тие сакаат природни девојки кои се паметни, но не препаметни. Таа е логична и толератна, но не претерано емотивна. 

Вага

Родените во овој знак копнеат кон совршена врска и затоа постојано бараат совршеност во другите. Кога еден маж роден во овој знак ќе ја најде жената која смета дека е совршена, тој ќе направи се што е во негова моќ за да ја задржи. Тие сакаат девојки кои изгледаат добро, кои имаат самодоверба и кои се интелигентни.

Шкорпија

Мажите кои се родени во овој знак сметаат дека се најдобри и тие го сакаат најдоброто за себе. Тие сакаат жена која е паметна, секси, страствена, независна.

Стрелец

Жената која може да му се допадне на еден Стрелец има многу енергија и е секогаш насмеана. Таквиот карактер на една жена може да го натера Стрелецот постојано да ја гледа како предизвик.

Јарец

Потребно е многу за да се заљуби мажот роден во овој знак, но тој бара партнерка која е сигурна во себе, но не прекуметно, секси но не претерано, посветена  но не и досадна. Јарецот сака жена која има свој живот, која има хоби, интереси и соништа.

Водолија

Жената која ќе го освои мажот роден во овој знак треба да биде жена која нема претерано да додева и која точно знае што сака. Таа жена не се грижи што мислат другите за неа. Таа сите нешта ги прави на свој сопствен начин и токму со таквата карактеристика го освојува мажот Водолија.

Риби

Мажите родени во овој знак ќе бидат освоени од жена која има широко срце, која е љубезна и отворена. Бидејќи Рибите сакаат уметност, тие сакаат покрај себе жена која ќе ја цени уметноста.

new nike air max 2019