Недолично се однесувал кон вработена во обложувалница во Карпош, па надвор натепал 34-годишен маж

Синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, М.М.(34) од Скопје пријавил дека околу 16:40 часот пред спортска обложувалница на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.К.

Во полицискиот билтен се наведува дека напаѓачот претходно се однесувал недолично кон вработена во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.