Неделен хороскоп: 8-14 август

Што ни доаѓа во текот на следната недела?

Овен

Слабоста на Венера може да предизвика малку да ја изгубите енергијата, но тоа не би требало да доведе до големи ситуации и проблеми. Планетите се така поставени за да ги разбудат квалитетите во вас. Сега е најдобро време да ги преземете задачите кои можете да ги завршите и да не се фокусирате на поголеми нешта. Оставете ги големите планови за понатаму.

Прочитајте повеќе тука

Бик

Ова е недела која ќе биде особено динамична за вас. Астролозите веруваат дека во овој период можете да завршите некои стари проекти кои чекаат на вас. Добро би било и да се потрудите и да внесете хармонија во вашите семејни односи и да бидете подобри кон вашите пријатели. Многу работи зависат од вас и на полето на љубовта.

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Ситуацијата ќе се развива поволно за вас, особено на полето на финансиите: имајте на ум дека важно е да купувате и вложувате. Поставете нови цели и соништа. Во однос на личните контакти и врски, важно е да се потпрете на својата интуиција бидејќи таа ќе ви каже што е добро, а што не е. Посветете му се на семејството и саканите, тие не смеат да трпат поради вашата работа.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Планетите во голема мера ќе ја зголемат вашата чувствителност. Тоа може да придонесе за намалување на вашата мотивација и среќа, но не се откажувајте. Пробајте начин да се опуштите и да заборавите на недовербата во себе. Оставете некои неважни работи за подоцна.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Почетокот и крајот на неделата ви носат убави вести. Во љубовната сфера ќе имате среќа со саканата личност или некој кој ви се допаѓа. Ова е ваша сезона и имате неодолива харизма, тешко дека лесно ќе се одбраните од додворувачите. Во наредниот период треба да делувате одлучно, највеќе среќа ќе имаат оние кои точно знаат што сакаат.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Не е важно во која област работите, ќе успеете во тоа. Што и да решите да направите, ќе наиде на восхит кај другите. Избегнувајте луѓе кои ви нудат комплименти, но и ништо друго суштинско. Тие не ви се пријатели. Меѓу нив постојат многу манипулатори. Астролозите советуваат да не преземате многу обврски, пробајте да го најдете балансот.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Средината на неделата ви носи неочекуван пресврт во вашиот живот. Но, за некои Ваги тоа може да е непријатно искуство. Ако сте во потрага по својата сродна душа, оваа недела ќе биде повеќе од успешна. Сега е важно да делувате, но да не се откажувате кога е најважно.

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Посветете се на своето физичко и ментално здравје – најдете време за дигитален детокс, исклучете ги телефоните и одете во природа. Не е лесно, но обидете се да најдете начин да се ослободите од оние уверувања и ставови кои ве оптоваруваат. Ако сте заинтересирани за љубов, можеби е време да инсталирате некоја апликација.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Вашата кариера ви е важна и тоа е во ред, но пробајте да го смалите темпото. Не е сè во работата. Постои можност во текот на неделата да ве обземат многу дилеми и несигурности. Пробајте да ги контролирате. Исто така, потрудете се да не ги жртвувате своите интереси заради другите: можете да ја пропуштите својата среќа.

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Астролозите препорачуваат кон крајот на неделата да го исчистите својот дом, бидејќи така ќе се ослободите и од негативната енергија. Ова ќе ви биде од голема помош за да се носите со своите проблеми. Ви следи динамичен период кој ви носи нови познаници. Крајот на неделата ви дава можност да исправите некои грешки од минатото.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Ослободете се од негативните мисли кои ве спречуваат да ги остварите своите соништа, како и товарот од минатото од некои бивши љубови, токсични врски и неволји. Бегајте од луѓе кои постојано споделуваат трачеви, а не зборуваат ништо за себе. Најважните денови за вас се понеделник, сабота и недела. 

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Ви доаѓа недела која е исполнета со многу активности. Некои Риби ќе тргнат на патување кое може да е службено или пак од лична природа. Сега не е време да ги одложувате важните работи и да се ставате во ситуација каде треба да се објаснувате, туку да се посветите на она што е суштинско. Верувајте во себе и не се откажувајте ако нешто тргне наопаку. 

Прочитајте повеќе тука.