Неделен хороскоп: 6-12 декември

Оваа недела почнува со продуктивниот понеделник и конјункцијата на Месечината и Венера во Јарец. 

Овен

Проверете како се чувствувате на работното место. Конјункцијата на Месечината и Венера во понеделник ви помага да откриете што можете да подобрите кај себеси во однос на вашиот пристап на работата. Квадратот на Марс и Јупитер во среда ви носи вистина во однос на пријателствата и можност да ги подобрите односите со луѓето кои ви значат. Конјункцијата на Венера и Плутон ги открива аспектите од вашите односи со колегите кои треба да ги подобрите. 

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Размислувајте различно, драги Бикови! Конјункцијата на Месечината и Венера во понеделник бара од вас да експериментирате со нова идеја која ќе ви донесе стратегија за успех. Квадратот на Марс и Јупитер во среда ве потсетува на вештините кои ви се потребни за да се поврзете со другите. Конјункцијата на Венера и Плутон ви дава можност за нова романса и интимност. 

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Приземјете се и бидете присутни во реалноста, драги Близнаци! Конјункцијата на Месечината и Венера бара од вас да им дозволите на другите да видат повеќе страни од вашата личност. Квадратот на Марс и Јупитер во среда ви помага да ги видите малите детали, а конјунцијата на Венера и Плутон во сабота ви помага да ја задржите силата и да останете романтични.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Придвижете се кон непознатото. Конјункцијата на Месечината и Венера ви носи мистериозност, но и оптимизам во односите со другите.  Квадратот на Марс и Јупитер ви помага да ја видите силата во ранливоста. Конјункцијата на Венера и Плутон во сабота која настапува во вашата зона на љубовта бара од вас да се посветите на довербата.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Приземјете се, драги Лавови. Конјункцијата на Месечината и Венера ви помага да најдете време и да се смирите и релаксирате. Квадратот на Марс и Јупитер во среда ви помага да ги комуницирате своите емоции за да се поврзете со другите. Конјункцијата на Венера и Плутон ви помага да се посветите на менталното здравје и како другите ви помагаат или го комплицираат тоа.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Препуштете и се на радоста. Конјункцијата на Месечината и Венера ви носи можност за забава и креативност. Квадратот на Марс и Јупитер во среда бара од вас да бидете одговорни во комуникацијата со другите и да покажете љубопитност. Конјункцијата на Венера и Плутон ви носи доверба во себеси и можност да си дозволите повеќе љубов, припаѓање и среќа во животот.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Споделете ги своите емоции. Конјункцијата на Месечината и Венера бара од вас да бидете отворени во однос на своите чувства. Квадратот на Марс и Јупитер ве повикува да бидете приземјени кога тежнеете кон големи нешта. Конјункцијата на Венера и Плутон во сабота ве инспирира поинаку да им пристапите на семејните односи.

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Употребете ги своите зборови. Конјункцијата на Месечината и Венера ви помага да го искористите овој период за да се зближите со луѓето. Квадратот на Марс и Јупитер во среда ве инспирира да преземете нова улога во семејните односи. Конјункцијата на Венера и Плутон во сабота ве поттикнува да ги искористите своите способности за подобрување на вашиот љубовен статус. 

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Среќен роденден, драги Стрелци! Конјункцијата на Месечината и Венера е моќна и ви носи можност да бидете рационални, но и да се поврзете со своите сетила. Квадратот на Марс и Јупитер ви носи можност да дојдете до некаков крај кој ќе ве ослободи. Конјункцијата на Венера и Плутон во сабота ги зајакнува вашите вредности особено на полето на финансиската сигурност и писменост. 

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Понеделник е прекрасен ден за вас. Конјункцијата на Месечината и Венера во вашиот знак ви носи емоционален мир, значајни односи со другите луѓе и радост. Квадратот на Марс и Јупитер во среда ве поврзува со пријатели кои делат слични вредности како вас, а конјункцијата на Венера и Плутон ги менува вашите љубовни односи, особено ако преземете одговорност за своите дела и зборови.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Дајте си можност за да здивнете и замислите желба за претстојниот период. Во понеделник настапува конјункцијата на Месечината и Венера и можно е да се чувствувате самоуверено и моќно, што е одлично. Во среда, квадратот на Марс и Јупитер ви носи знаење кое можете да го примените на работното место. Конјункцијата на Венера и Плутон бара од вас да ги испитате односите и да идентификувате што треба да оставите зад себе во периодот кој е пред вас. 

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Јавете им се на своите пријатели. Конјункцијата на Месечината и Венера ви носи можност да поминете повеќе време со вашите пријатели и да уживате во тоа. Квадратот на Марс и Јупитер во среда бара од вас да имате надеж и верба дури и ако се чувствувате поинаку. Конјункцијата на Венера и Плутон во сабота ви носи можност да изградите значајни партнерства и пријателства, на нежен начин.

Прочитајте повеќе тука.