Неделен хороскоп: 30 јануари - 5 февруари

Што ни носи неделата која е пред нас?

ОВЕН

Јавете им се на своите пријатели. Оваа недела почнува со друштвената месечина во Близнаци која од вас бара да се поврзете со своите пријатели и да им дадете поддршка. Во недела, полната Месечина во Лав е во вашата зона на самодоверба и ви помага да се изборите за она што ви значи. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате вредни, способни, но и радосни.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Слушнете го своето тело. Месечината во Близнаци на почеток на неделата ви помага да го слушнете своето тело и симптомите кои ги имате за да преземете чекори да се чувствувате подобро и поисполнето. Во недела ја имаме полната Месечина во моќниот Лав која управува со вашито дом и семејство и ве инспирира да најдете луѓе и места каде се чувствувате како дома. 

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Отворете го својот ум. Оваа недела започнува со месечината во Близнаци која ви носи љубопитност да го истражите непознатото и да откриете нови места и начини за задоволство и радост. Во недела со полната Месечина во Лав ќе успевате успешно да комуницирате, да бидете разбрани и сфатени, но и да се изборите за она што ви значи. 

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Дајте си можност да се справите со своите емоции. Во тоа ќе ви помогне месечината во Близнаци во понеделник која ќе ги извади на површина вашите комплицирани чувства и ќе ве поттикне да се справите со нив. Во недела, полната Месечина во Лав ви носи можност да внесете идеи во вашите вредности, начин на живеење и финансиска сигурност.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Замаглете ги линиите меѓу љубовта и пријателството. Оваа недела започнува со светлината на Месечината во Близнаци и ви носи романса во едно од вашите пријателства. Во недела, полната Месечина е во вашиот знак што ќе ви помогне да комплетирате нешто и да се ослободите од работите кои не ви носат ништо добро. За тоа е потребна подготвеност и храброст, но оваа полна Месечина ви го овозможува тоа. 

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Сè е во малите нешта. Месечината во Близнаци на почетокот ан неделата ве потсетува на она што веќе го знаете – обрнете внимание на малите детали во вашата работа за да дојдете до успешна стратегија. Полната Месечина во Лав во недела ве поттикнува да кажете збогум на она што ве држи заглавени во минатото, за да може универзумот да ви донесе нови нешта и луѓе. 

Прочитајте повеќе тука

ВАГА

Дали го променивте начинот на кој размислувате и се чувствувате? Ова недела почнува со Месечината во Близнаци и ве инспирира да ја проширите својата перспектива, што ве носи до нови места. Во недела, полната Месечина е во вашата зона на заедница и социјална правда, што ќе ве поттикне да достигнете убаво чувство на поврзаност и помагање. 

Прочитајте повеќе тука

ШКОРПИЈА

Дајте им глас на своите чувства, драги Шкорпии! Комуникативната Месечина во Близнаци на почетокот на неделата ве инспирира да им дадете име на своите емоции и да ги споделите со луѓето кои имаат потреба да го слушнат тоа. Во недела, полната Месечина во Лав е во вашата зона на кариера и ви помага да ја интегрирате својата вредност во професионалните цели кои ги имате. Храбри сте, а тоа се цени!

Прочитајте повеќе тука

СТРЕЛЕЦ

Потрудете се да дојдете до разбирање. Месечината во Близнаци ја отвора оваа недела и ве поврзува со различни идеи со цел да дојдете до потенцијалот кој ви е потребен за да дојдете до неверојатен успех. Полната Месечина во недела е во вашата зона на авантура и мудрост и ве поттикнува да ги проширите своите хоризонти кон нови знаења и места за патување. 

Прочитајте повеќе тука

ЈАРЕЦ

Дали можат да ви помогнат рутините? Оваа недела почнува со Месечината во Близнаци и ве инспирира да внесете рутина која ќе ве донесе до посветеност, успех, но и чувство дека живеете исполнет живот. Во недела, полната Месечина во Лав е во вашата зона на интимност поттикнувајќи ве да се посветите на вистината и луѓето кои го заслужуваат вашето внимание и посветеност. 

Прочитајте повеќе тука

ВОДОЛИЈА

Среќен роденден, драги Водолии! Оваа недела започнува со отворената, екстровертна и динамична Месечина во Близнаци која ве поврзува со луѓе со кои можете да го прославите своето постоење. Полната Месечина во Лав во недела ве повикува да се посветите на романсата и на задоволството.

Работа

Прочитајте повеќе тука

РИБИ

Емоциите  се информации, а не инструкции. Оваа недела започнува со љубопитната месечина во Близнаци и ве инспирира да го разберете значењето на она што го чувствувате. Во недела, полната Месечина во Лав е во вашата зона на добросостојба и ве поттикнува да најдете вредност во она што е дел од вашиот живот.

Прочитајте повеќе тука.