Неделен хороскоп: 27 март - 2 април

Што ни носи последната недела од март?

Photo by Alessia Marusova on Unsplash

ОВЕН

Што му е потребно на вашето тело? Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер е вашиот момент да одлучите што сакате, што ви е потребно и што заслужувате. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран во Бик е во вашата зона на приходи што ќе ве инспирира да бидете иновативни и да направите стратешки чекор за подобрување на вашата финансиска ситуација. 

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Кои навики треба да ги промените? Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер е во Овен во вашата зона на краеви, што од вас бара да прекинете нагло некои навики особено ако знаете дека нешто не е добро за вас. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран во вашиот знак ве инспирира да останете отворени за романтични изненадувања. Вие сте знак кој сака да знае и планира, но овој транзит ви вели да останете спонтани и да се препуштите на ситуацијата.

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Време е да се навратите на пријателствата. Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер е во вашиот сектор на заедниците и пријателствата, а вам ве поттикнува да обрнете внимание на тоа каква енергија ви носат другите луѓе. Кои се вашите вистински пријатели? Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран ќе ве поттикне да ставите крај на некои начини на однесување поврзани со љубовта.

Прочитајте повеќе тука

РАК

Преземете професионален ризик. Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер во вашиот сектор на кариерата ве поттикнува да преземете ризик и да бидете проактивни на полето на работата. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран во вашата зона на пријателствата ве зближува со вашите пријатели.

Прочитајте повеќе тука

ЛАВ

Кога знаете што сакате, тогаш вие постигнувате најголем успех. Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер е во вашата зона на мудроста што ве поттикнува да го промените своето однесување за да бидете посреќни и поуспешни. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран е во вашиот сектор на кариерата, а тоа ви носи поддршка од важни личности на ова поле.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Споделете ја својата вистина. Во понеделник, конјункцијата на Меркур со Јупитер во Овен во вашиот сектор на автентичност што ќе ве инспирира да им дадете име на своите чувства и да ги споделите со другите. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран бара од вас да научите нови начини на комуникација со другите луѓе. Дозволете им на другите да ве инспирираат.

Прочитајте повеќе тука

ВАГА

Побарајте разбирање. Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер во Овен бара од вас да најдете начин да бидете разбрани. Во четврток, со конјункцијата на Венера и Уран во Бик во вашата зона на сексуалноста, ќе имате потреба да експериментирате и да се препуштите на интимноста.

Прочитајте повеќе тука

ШКОРПИЈА

Среќата лежи во малите  нешта! Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер во вашата зона на добросостојба ќе ве инспирира да се фокусирате на малите избори кои значително придонесуваат за подобрување на вашето расположение. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран во Бик во вашата зона на романса ви носи убави моменти, но само ако сте проактивни на ова поле.

Прочитајте повеќе тука

СТРЕЛЕЦ

Слушнете го своето тело. Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер ви помага да го најдете најдобриот начин за да го поправите своето однесување за да се поврзете со другите. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран со Бик бара од вас да споделите нова стратегија за да останете приземјени и практични.

Прочитајте повеќе тука

ЈАРЕЦ

Дајте им име на своите чувства. Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер во вашата зона на емоционална интелигенција ве инспирира да ги споделите своите чувства за да можете да ги разберете на здрав и јасен начин. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран во вашата зона на самодоверба од вас бара да бидете храбри, но и ранливи.

Прочитајте повеќе тука

ВОДОЛИЈА

Споделете го она што ви лежи на срцето. Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер е во вашата зона на комуникација каде ви помага да обрнете поголемо внимание на работите и луѓето околу вас, да слушате, но и да зборувате. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран во Бик ве поттикнува да и пристапите поинаку на емоционалната сигурност и да најдете начин како да се чувствувате подобро на подолг рок.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Кои се вашите вредности? Во понеделник, конјункцијата на Меркур и Јупитер во вашата зона на сигурност ќе ве поттикне да најдете внатрешен мир и да живеете во согласност на своите лични вредности. Во четврток, конјункцијата на Венера и Уран во Бик во вашиот сектор на комуникација ви помага да обрнете внимание на она што сте го занемарувале досега.

Прочитајте повеќе тука.