Неделен хороскоп: 25-31 октомври

Што ни носи хороскопот оваа недела?

Овен

На што мислите кога размислувате за крај? Квадратот на Нептун и Венера во вторник бара од вас да размислите кои приказни во вашиот живот го бараат вашето внимание, а на кои е потребно да се стави крај. Фокусирајте се на надежта, вербата и оптимизмот оваа недела. Во сабота, Марс влегува во Шкорпија во вашата зона на интимноста, овозможувајќи да изградите длабоки и значајни односи со луѓето околу вас. 

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Пробајте да заборавите на некои граници меѓу пријателството и романсата и дајте си можност да се опуштите без обврски. Квадратот на Нептун и Венера кој настапува во вторник бара од вас да размислите како им пристапувате на пријателствата и романсата. Марс влегува во Шкорпија во сабота во вашата зона на интимноста и ви носи ситуации во кои спротивностите се привлекуваат. 

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Романсата е способност, драги Близнаци. Квадратот на Венера и Нептун во вторник ви носи откривање на уметноста на романтичните врски, потсетувајќи ве колку вредите. Марс влегува во Шкорпија во сабота во вашата зона на добросостојба, мотивирајќи ве да експериментирате на полето на умственото, емотивното и физичкото здравје со цел да се чувствувате подобро.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Имајте ги на ум и малата и големата слика. Во вторник, со квадратот на Нептун и Венера обрнете внимание на сите детали. Марс влегува во Шкорпија во вашата зона на самодоверба во работа и тоа ќе ви помогне да се посветите на своите мисли, емоции и начин на однесување со цел да ја изградите својата самодоверба.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Што можете да научите за себе? Квадратот на Венера и Нептун создава баланс меѓу она што го учите и знаете за себеси и она што го споделувате со другите. Во сабота, Марс влегува во Шкорпија во вашата зона на емоции, давајќи ви дозвола да чувствувате различни емоции и да се носите успешно со тоа. Не се осудувајте себеси за она што го чувствувате и како го отворате срцето пред другите.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Што ви е потребно за да бидете сигурни? Квадратот на Венера и Нептун ви носи сигурност за да се нурнете во непознатото. Марс влегува во Шкорпија во сабота во вашата зона на комуникации, помагајќи ви подобро да комуницирате со другите околу вас. Слушнете ги што имаат да кажат, но следете го и говорот на телото.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Како учите да бидете блиски со другите? Квадратот на Венера и Нептун бараат од вас да размислите како се поврзувате со другите и како тие го прават тоа кон вас. Марс влегува во Шкорпија во вашата зона на сигурност во сабота и ве мотивира да бидете практични и приземјени. Ќе имате енергија за задоволство,но и љубопитност за финансиска сигурност. 

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Среќен роденден, драги Шкорпии. Квадратот на Венера и Нептун ви помага да ги внесете своите вредности во пракса и така да стекнете поголема самодоверба. Марс влегува во вашиот знак во сабота, носејќи ви страст, ентузијазам и желба да се изборите за она што ви значи.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Споделете ги своите чувства. Квадратот на Венера и Нептун кој доаѓа во вторник ве инспирира да ја искористите емоционалната комуникација со цел да се зближите со романтичните партнери. Марс влегува во Шкорпија во вашата зона на завршетоци и ви помага да се ослободите од некои навики и контексти кои не ви служат з добро. Колку повеќе го исчистите својот простор, толку повеќе манифестација ви носи универзумот.

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Страдањето е монолог, но лечењето дијалог. Не го заборавајте тоа, драги Јарци. Квадратот на Венера и Нептун ви помага да комуницирате за да се излечите од некои стари рани и да ставите крај на некои приказни. Марс влегува во Шкорпија во сабота во вашата зона на пријателства, ставајќи ве на лидерска позиција меѓу пријателите. Тоа ви носи повеќе енергија, искуства и успех во вашите социјални контакти.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија 

Вашите пријателства стануваат посилни преку заедничките вредности. Во вторник, со квадратот на Венера и Нептун ја зголемува вашата потреба да се поврзете преку вредностите со вашите пријатели. Марс влегува во Шкорпија во сабота во вашата зона на кариерата, давајќи ви енергија која ќе ви овозможи лидерство и храброст да се развивате на професионално поле.

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Потребна е работа за да се развиваат пријателствата. Во вторник, со квадратот на Нептун и Венера доаѓате до хармонија во односите со другите и развивате одговорност на ова поле. Марс влегува во Шкорпија во вашата зона на експанзија, помагајќи ви да го проширите својот живот преку нови стратегии и нови идеи. 

Прочитајте повеќе тука.