Неделен хороскоп: 21-27 ноември

Што ни носи неделата која е пред нас?

ОВЕН

Среќно патување, драги Овни! Сезоната на Стрелците почнува во вторник и ве инспирира да патувате во нови држави за да ги проширите своите хоризонти. Исто така, ако размислувате за едукација и истражување, младата Месечина во среда ви носи поддршка за тоа. На истиот ден, ретроградниот Јупитер го завршува своето патување во Риби и ви помага да го заборавите минатото. 

Прочитајте повеќе тука

БИК

Време е за нова верзија од вас, драги Бикови! Сезоната на Стрелците почнува во вторник и ве мотивира да изградите нови навики и полесно да комуницирате. Ако сакате да ги отстраните блоковите во однос на интимноста и да се опуштите повеќе, тоа можете да го направите за време на младата Месечина во среда. Во текот на истиот ден, Јупитер го завршува своето ретроградно патување во Риби во вашата зона на пријателството и ви носи можност да се поврзете со пријателите од минатото.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Два е магичен број, драги Близнаци. Сезоната на Стрелците почнува во вторник и ви носи хемија во која спротивностите се привлекуваат. Кажете му на универзумот каква љубов посакувате за време на младата Месечина во среда. Ретроградниот Јупотер завршува во вашата зона на кариера на истиот ден, носејќи ви амбициозност и успех на работното место.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Среќата е во малите нешта, драги Ракови! Сезоната на Стрелците започнува во вторник и ве мотивира да ги забележите малите нешта и избори кои ги правите во однос на вашите навики, а кои прават голема разлика во вашиот живот. Ако сакате да се посветите на личниот развој, младата Месечина ви помага во тоа. Во текот на истиот ден завршува ретроградниот Јупитер во Риби во вашата зона на мудрост и ви помага да стекнете и примените ново знаење.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Изразете се себеси, драги Лавови! Сезоната на Стрелците почнува во вторник и ви помага да ги споделите своите приказни, надежи и стравови кои ги чувате скриени од другите. Ако ви е потребна храброст за да направите нешто, ја имате поддршката на младата Месечина во среда. Во текот на истиот ден, Јупитер престанува да биде ретрограден во Риби во вашата зона на интимност, помагајќи ви да дојдете до вистините кои ви се потребни.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Доме слатки доме! Сезоната на Стрелците започнува во вторник и ви помага да ги најдете луѓето и местата кои прават да се чувствувате среќно и сигурно, како дома. Ако сакате да промените нешто во вашиот живот, младата Месечина во среда е најдобриот момент за тоа. Во текот на истиот ден, Јупитер го завршува своето ретроградно патување во Риби и ви помага да ја вратите среќата во љубовта.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Бидете искрени и директни, драги Ваги! Во вторник почнува сезоната на Стрелците и ви помага да ја подобрите комуникацијата со другите. Ако сакате да се ослободите од потребата постојано да им удоволувате на другите, младата Месечина во среда ви носи можност за тоа. Ретроградниот Јупитер завршува во текот на истиот ден во вашата зона на добросостојба, помагајќи ви да се навратите на здравите и добри навики.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Живејте ги своите вредности! Почетокот на сезоната на Стрелците ќе ви помогне во тоа, истовремено носејќи ви интелигенција и знаење од вашата сезона. Младата Месечина во среда  ве поттикнува да се посветите на вашите цели за сигурност, приходи и задоволство. Во текот на истиот ден, Јупитер престанува да биде ретрограден во Риби помагајќи ви да се ослободите од навиките кои прават да се сомневате во себеси.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Среќен роденден, драги Стрелци! Во вторник почнува вашата сезона и универзумот е насочен кон вашите желби. Кажете ги гласно и замислете го она што го посакувате за време на младата Месечина во вашиот знак во среда. Истиот ден, Јупитер го завршува своето ретроградно патување во Риби во вашиот сектор на домот.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Добро би ви дошло малку да бидете сами, драги Јарци! Сезоната на Стрелците започнува во вторник, па затоа дајте си можност да се одморите и да посветите внимание на себеси. Во среда, замислете желба за затворање на едно поглавје и нови почетоци. Во текот на истиот ден, Јупитер го завршува своето ретроградно патување во зоната на комуникацијата, помагајќи ви да ги надминете сите недоразбирања. 

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Најдете време да се поврзете со другите. Во вторник започнува сезоната на Стрелците која ви помага да заборавите на работата и да се поврзете со најблиските пријатели. Ако имате желби за нова врска, испратете ги до универзумот за време на младата Месечина во Стрелец во среда. Во текот на истиот ден, ретроградниот Јупитер завршува во вашата зона на приходи, што ќе ви донесе финансиска сигурност. 

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Време е за напредок, драги Риби! Сезоната на Стрелците започнува во вторник и ве инспирира да примените повеќе оптимизам и визија во вашата кариера. Кажете му ги своите професионални цели на универзумот за време на младата Месечина во среда. Ретроградниот Јупитер го завршува своето ретроградно патување во текот на истиот ден и ви дава можност да почнете од почеток. 

Прочитајте повеќе тука.