Неделен хороскоп: 20-26 септември

Оваа недела, на небото ни доаѓаат моќни транзити.

Во вторник ја имаме полната Месечина, а ден потоа започнува сезоната на Вагите. Во недела, Меркур го започнува своето ретроградно движење во Вага.

Овен

Време е да го пуштите минатото подалеку од себе. Во вторник небото ќе биде осветлено со полната Месечина во Риби која ви помага да ставите крај на некои работи кои ве држат врзани за минатото. Опозицијата на Уран и Венера бара од вас да продолжите да верувате во непознатото и да ги практикувате своите вредности. Меркур го започнува своето ретроградно движење во недела во вашиот сектор на љубовни односи, а тоа ќе ви помогне да се излечите од некои лоши навики, грешки од минатото и да продолжите напред.

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Јавете им се на своите пријатели. Полната Месечина во вторник ве зближува со вашите најблиски и ви дава можност да се изразите. Во четврток, настапува опозицијата на Уран и Венера која бара од вас да експериментирате со нови идеи и стратегии во љубовта. Во недела започнува ретроградното движење на Меркур во хармоничната Вага што бара од вас да се потрудите да постигнете баланс на различни полиња. 

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Ова е ваша недела. Со полната Месечина во вторник добивате можност да добиете унапредување или пак некаков успех во кариерата и тоа да се случи на неочекуван, но голем начин. Опозицијата на Венера и Уран во четврток ви помага да ги разберете мали детали во големата слика на полето на љубовта. Со ретроградното движење на Меркур во Вага во недела, бидете автентични, но заборавете на желбата постојано да бидете совршени.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Оваа недела ќе дојдете до важни увиди. Полната Месечина ќе ви помогне да откриете една важна вистина која ќе промени многу во вашиот живот. Во четврток настапува опозицијата на Венера и Уран што ви помага да направите баланс меѓу дружењето и грижата за другите, но и таа за себе. Меркур го започнува своето ретроградно движење во недела во вашето поле на емоционална интелигенција. Искористете го тоа. 

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Ова е интересна недела за Лавовите. Полната Месечина во вторник ја буди вашата сексуалност и ви помага да се поврзете подлабоко со една драга личност, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Во четврток со опозицијата на Венера и Уран, ќе успеете да ги поврзете емоционалните точки со професионалниот успех и ќе бидете горди на себеси. Во недела започнува ретроградното движење на Меркур што од вас бара внимателност како комуницирате со другите.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Спротивностите се привлекуваат. Полната Месечина ве потсетува на тоа дека некогаш разликите не се толку страшни и дека често се извор на силна хемија и романса, но само ако им дадете шанса на таквите искуства. Опозицијата на Венера и Уран во четврток ве поттикнува да останете љубопитни. Меркур го започнува своето ретроградно движење во недела што ви дава можност прво да сте си доволни на себеси, а потоа да најдете среќа во прегратките на друга личност. 

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Време е за навики кои ќе ви донесат добри нешта во животот. Полната Месечина во вторник ви помага да се посветите на градење на една цврста навика и да се држите до тоа. Опозицијата на Венера и Уран во четврток ве инспирира да се посветите на задоволството, а почетокот на ретроградното движење на Меркур во Вага во недела го менува начинот на кој се изразувате за да постигнете професионален успех. 

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Вие вистински вредите. Полната Месечина во вторник ќе ве направи ранливи и ќе внесе сомнеж во себеси, но ќе ви донесе и сериозен увид во тоа колку вредите и колку сте способни. Во четврток, со опозицијата на Венера и Уран ве очекува романтично изненадување. Меркур го започнува своето ретроградно движење во Вага во недела, а тоа ќе ви помогне да најдете внатрешен мир преку активности за себеси.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Ова е недела за домот и најблиските. Полната Месечина ќе ве охрабри да се посветите на домот и на оние луѓе кои ви се драги и да се одморите добро. Опозицијата на Венера и Уран ви помага да се ослободите од некоја лоша навика или начин на однесување во љубовна смисла, а со почетокот на периодот на ретроградниот Меркур во недела ќе успеете да се поврзете со некоја личност од минатото, но и пријатели со кои долго не сте биле во контакт. 

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Искористете ги зборовите. Полната Месечина во Риби ви носи можност да научите како да се изразувате за да се разберете, да ги слушате другите и да ги избирате своите зборови. Опозицијата на Венера и Уран во четврток ве поставува на лидерска позиција во вашето друштво. Меркур го тргнува своето ретроградно движење во вашето поле на кариера и професионални односи, така што останете фокусирани на квалитетот на професионалните контакти како најдобра алатка.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Слушајте го своето тело. Полната Месечина во вторник става фокус на тоа како се чувствувате и ви носи можност да најдете релаксација во некоја навика или физичка активност кои ве прават среќни. Во четврток, со опозицијата на Венера и Уран, вашата емпатија ќе биде на високо ниво. Во недела настапува ретроградниот Меркур во Вага кој ви помага да го практикувате стекнатото знаење за добро. 

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Време е за космичко рестартирање. Полната Месечина ви дава можност да запрете некаде и да почнете од почеток, а опозицијата на Уран со Венера ви носи можност да бидете интелигентни и љубопитни и така да постигнете успех. Со ретроградното движење на Меркур во Вага во недела, ќе се запрашате кои се вашите еротски желби и кому верувате и зошто.

Прочитајте повеќе тука.