Неделен хороскоп: 20-26 ноември

Што ни носи новата недела која е пред нас?

Photo by LOGAN WEAVER | @LGNWVR on Unsplash

ОВЕН

Каде ви е потребно да означите крај? Во понеделник, секстилот на Сонцето и Плутон ви помага да најдете слобода од минатото и да се охрабрите да ја споделите вистината со другите. Сезоната на Стрелците започнува во среда, а потоа вашата планета Марс влегува во истиот знак. Ова за вас означува период на сонце после бура. Уживајте. 

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Понеделник е важен ден за вас.  Секстилот Сонце-Плутон во понеделник е во знакот на дружењето, затоа соберете се со вашата заедница, пријателите, љубовниците и луѓето кои ве сакаат. Сезоната на Стрелците започнува во среда и ви дава моќ да се справите со некои проблеми со интимноста, особено откако Марс ќе влезе во Стрелец во петок и ќе ви даде сила да се ослободите од потребата за  контрола, перфекционизам и споредби со другите.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Убавината е во малите нешта. Секстилот Сонце-Плутон од понеделник ве инспирира да забележите како малите нешта постепено создаваат големи резултати во вашиот живот, особено на професионален план. Сезоната на Стрелцуте започнува во среда и носи хемија во која спротивностите се привлекуваат. Љубовта е во воздухот. Марс влегува во Стрелец во петок, инспирирајќи ве да ја пронајдете победата и храброста да ги решите конфликтите.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Оптимизмот ќе ве однесе далеку. Секстилот Сонце-Плутон во понеделник ви помага да им пристапите на своите проблеми со самодоверба, но и надеж и вера. Кога сезоната на Стрелец ќе започне во среда, ќе размислувате за благосостојбата и како можете да го интегрирате здравјето на вашиот ум, срце и дух. Марс влегува во Стрелец во петок и ја продолжува оваа цел со фокус на практични активности. Престанете да си давате ветувања, почнете со работа. 

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Ранливоста е сила! Секстилот Сонце-Плутон од понеделник ве потсетува дека кога сте отворени и транспарентни, вие сте најсилни. Тоа е ризично и страшно, но сепак е најдобриот избор. Кога сезоната на Стрелците ќе започне во среда, ќе размислувате за достојноста и за тоа дека го заслужувате животот што го посакувате. Марс влегува во Стрелец во петок и ви помага да ја примените таа самодоверба на дело!

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Разликата не треба да разделува, Девица. Секстилот Сонце-Плутон во понеделник ви помага да преговарате и да правите компромиси со луѓе каде што некогаш сте чувствувале  дека тоа е невозможно. Сезоната на Стрелец започнува во среда и ви сигурност и убаво чувство во домот и меѓу најблиските.  Марс влегува во Стрелец во петок и инспирира посилни граници за емоционална безбедност.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Останете приземјени.  Секстилот Сонце-Плутон во понеделник ви помага да го најдете вашиот центар и да се смирите дури и кога има хаос и конфликт околу вас. Кога сезоната на Стрелците ќе започне во среда, ќе зборувате уште појасно и директно и со разбирање. Кога Марс ќе влезе во Стрелец во петок, ќе ви помогне да најдете нови верзии од себе.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Среќен роденден, Шкорпии! Секстилот Сонце-Плутон од понеделник ве инспирира да споделите нова вистина за себе, но и за периодот кој претстои. Тоа е како некоја ваша замисла за следната година. Сезоната на Стрелец започнува во среда и ве мотивира да ги разјасните своите вредности и да ги спроведете во пракса. Во петок, Марс влегува во Стрелец и ја зајакнува вашата финансиска писменост со малку повеќе ризик!

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Сакај се! Секстилот Сонце-Плутон од понеделник ви помага да си аплаудирате за работата што сте ја направиле. Тогаш почнува вашата сезона! Сонцето го започнува својот транзит во Стрелец во среда и дава приоритет на вашите соништа и силни страни за следниот месец. Марс влегува во вашиот знак во петок и ве благословува со издржливоста и енергијата што ви недостасуваа!

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Разговорот може да промени сè. Секстилот Сонце-Плутон од понеделник ги зајакнува вашите комуникациски вештини и ви помага да ги искористите во  некоја социјална ситуација. Сезоната на Стрелец започнува во  среда и ви дава простор за одмор и размислување. Марс влегува во Стрелец во петок и ве замолува да дадете приоритет на грижата за себе, пред почетокот на вашата сезона!

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Живејте во согласност со вашите вредности. Понеделничкиот секстил Сонце-Плутон ви помага да го практикувате она што го учите на професионален начин,  што ќе ви даде голем поврат на инвестицијата. Сезоната на Стрелец започнува во среда и ви го дава она што најмногу го сакате - време со вашите пријатели. Марс влегува во Стрелец во петок и ве става во лидерска улога, затоа не плашете се да ја преземете одговорноста.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Визијата е клучна. Понеделничкиот секстил Сонце-Плутон сака да генерирате нова, пооптимистичка визија што ќе ви помогне да ја видите ситуацијата поинаку. Сезоната на Стрелец започнува во среда и ја издигнува вашата кариера на едно повисоко ниво. Марс влегува во Стрелец во петок и ви помага да побарате унапредување, да почнете сопствен бизнис или да напредувате во вашите професионални цели на друг начин.

Прочитајте повеќе тука.