Неделен хороскоп: 16-22 мај

Оваа недела ни ја носи лунарната еклипса и почетокот на владеењето на Близнаците.

ОВЕН

Бидете реални. Лунарната еклипса во Шкорпија која се случува во понеделник ве инспирира да споделите голема вистина и да бидете автентични во име на задоволството. Бидете храбри, но и ранливи. Конјункцијата на Марс и Нептун ви помага да се ослободите од една лоша навика со верба, надеж и визија. Сезоната на Близнаците почнува во петок и ви помага да се насочите кон подобрување на комуникацијата и јазикот.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Одлучете, не ги ставајте работите под тепих. Лунарната еклипса во Шкорпија бара од вас да одлучите дали би сакале да продолжите или не во одредени односи кои се неодамна започнате. Ако сте слободни, ова е време кое од вас бара да донесете конкретна одлука. Конјункцијата на Марс и Нептун ви помага да се зближите повторон со вашите пријатели. Сезоната на Близнаците започнува во петок и ве инспирира да ја подобрите својата финансиска писменост и сигурност.

Работа

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Почнете со мали чекори. Лунарната еклипса во Шкорпија го осветлува небото во понеделник и од вас бара да направите чекор напред кон поздрави и подобри навики кои ќе го подобрат вашето здравје и добросостојба. Конјункцијата на Марс и Нептун ви дава самодоверба и креативност која ќе ви ги исполни соништата. Сезоната на Близнаци почнува во петок и ви носи исполнување на желбите. 

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Ранливоста е ваша суперсила. Лунарната еклипса во Шкорпија бара од вас да бидете храбри во преземањето ризици и тоа како ги покажувате своите емоции. Вие го можете тоа. Конкјункцијата на Марс и Нептун во среда ги проширува вашите видици и го менува вашето однесување. Сезоната на Близнаците почнува во петок и ве инспирира да се посветите на грижа за себеси.

Прочитајте повеќе тука

ЛАВ

Поврзете се со она што ви значи. Лунарната еклипса во Шкорпија бара од вас да се поврзете со луѓе и места кои ви даваат емоционална сигурност и чувство на припаѓање. Конјункцијата на Марс и Нептун во среда бара од вас да поработите на вашите желби и потреби. Сезоната на Близнаците почнува во петок и ви помага да се поврзете повторно со вашите најблиски пријатели.

Прочитајте повеќе тука

ДЕВИЦА

Искористете ги своите зборови за добро, драги Девици! Лунарната еклипса во Шкорпија ви помага да бидете разбрани и видени од другите, преку вашите зборови. Во среда настапува конјункцијата на Марс и Нептун и ви помага да ги балансирате своите потреби со потребите на другите. Сезоната на Близнаците почнува во среда и ве носи кон ново професионално поглавје. 

Прочитајте повеќе тука

ВАГА

Слушнете го своето тело, драги Ваги! Лунарната еклипса во Шкорпија бара од вас да се поврзете со мирот, мудроста и сигурноста. Конјункцијата на Марс и Нептун бара од вас да се поврзете со другите луѓе околу вас, но и да ги забележите малите детали за нив. Сезоната на Близнаци почнува во петок и ве инспирира да пристапите со отворено срце и да бидете ранливи.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Почнете од почеток, драги Шкорпии. Лунарната еклипса во понеделник која доаѓа во вашиот знак ви помага да дојдете до значајна трансформација. Тоа ви дава сила и да работите на себеси, но и да ги подобрите односите со другите. Сезоната на Близнаците почнува во петок и ве инспирира да бидете љубопитни и да комуницирате подобро на полето на сексот и интимноста.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Време е за затворање на некои поглавја. Лунарната еклипса во Шкорпија е во понеделник и ви помага да се ослободите од навики и начини на однесување кои не ви помагаат да го исполните својот потенцијал. Конјункцијата во Марс и Нептун ве инспирира да се соочите со своите емоции. Сезоната на Близнаците почнува во петок и ве инспирира дека спротивностите се привлекуваат.

Прочитајте повеќе тука

ЈАРЕЦ

Дали сакате да бидете сами или со другите, драги Јарци? Лунарната еклипса во Шкорпија ви овозможува да дојдете до баланс во вашата заедница и кон тоа колку време им посветувате на другите. Конјункцијата на Марс и Нептун во среда ја зголемува вашата флуентност во невербалната комуникација. Сезоната на Близнаците почнува во петок и ве инспирира да дојдете до личен развој преку поголема посветеност.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Време е да блеснете, драги Водолии. Лунарната еклипса во понеделник доаѓа во Шкорпија во вашата зона на кариера и ви помага да дојдете до автентичност и да го подобрите своето лидерство. Конјункцијата на Марс и Нептун во среда ви помага да останете приземјени. Сезоната на Близнаците започнува во петок и ве прави покреативни, самоуверени и возбудени.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Размислете повторно, драги Риби! Лунарната еклипса во Шкорпија ви помага да донесете одлука или пак да го смените своето размислување. Конјункцијата на Марс и Нептун во среда ви носи нови почетоци и повеќе простор. Сезоната на Близнаците почнува во петок и ја подобрува вашата емоционална интелигенција. 

Прочитајте повеќе тука.