Неделен хороскоп: 15-21 август

Пристигна хороскопот за новата недела која е пред нас.

Што ги очекува хороскопските знаци?

ОВЕН

Не чекајте многу, туку препуштете се на она што го чувствувате. Во четврток, тригонот на Венера и Јупитер ве инспирира да ги изразите своите емоции, желби и надежи. Марс влегува во Близнаци во сабота, мотивирајќи ве да го подобрите квалитетот на комуникацијата и да ги средите конфликтите. Во недела, опозицијата на Меркур со Нептун ве поттикнува да се посветите на умот, телото и духот.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Скршете ги своите навики. Во четврток, тригонот на Венера и Јупитер ви помага да се ослободите од минатото и работите кои ви ја комплицираат сегашноста поради тоа. Ќе бидете рационални и прагматични. Во сабота, Марс влегува во Близнаци и ви носи посветеност на вашите лични вредности, а со тоа и смиреност и сигурност. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун ве поврзува со вашите пријатели со цел да се забавувате.

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Време е за романса и забава со пријателите. Во четврток, тригонот на Венера и Јупитер од вас бара да бидете трпеливи, емпатични и полни со љубов и разбирање. Тоа нема да биде тешко бидејќи овој транзит ќе ви ја донесе таквата магија. Во сабота, Марс влегува во вашиот знак и инспирира огромна лична промена. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун од вас бара да ги слушнете своите емоции и да ги употребите во сите ситуации каде тоа е потребно. 

Прочитајте повеќе тука

РАК

Време е за задоволство. Во четврток, тригонот на Венера со Јупитер ви носи поттик да бидете околу луѓе и задоволства кои ви носат радост. Марс влегува во Близнаци во сабота и ве мотивира да бидете проактивни и храбри. Во недела, опозицијата на Меркур со Нептун бара од вас да се посветите на деталите. 

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Направете ги работите на поинаков начин. Во четврток, тригонот на Венера и Јупитер ви носи романтични награди доколку преземете поголем ризик и експериментирате. Марс влегува во Близнаци во сабота поврзувајќи ве со вашите лојални пријатели и покрај конфликтот кој можеби сте го имале. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун ве инспирира да се фокусирате на задоволството. 

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Некои работи се важни да се случат преку дијалог, а не монолог. Во четврток, тригонот на Венера и Јупитер ве инспирира да бидете храбри и да иницирате важни разговори кои ќе ви донесат можност да се разберете со другите. Марс влегува во Близнаци во сабота и ве инспирира да се насочите кон слободата особено на полето на работата, дали преку самовработување или пак некое унапредување. Опозицијата на Меркур и Нептун во недела од вас бара да дојдете до добар исход поврзан со едно недоразбирање. 

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Тенка е границата меѓу љубовта и пријателството. Во четврток, тригонот на Венера и Јупитер ве инспирира да ги замаглите границите и да најдете љубов меѓу своите пријатели. Во сабота, Марс влегува во Близнаци и ве носи кон нови места и можности за да доживеете важни искуства. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун од вас бара да изградите практични навики и стратегии за да се чувствувате подобро. 

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Спојте ги точките. Во четврток настапува тригонот на Венера и Јупитер и ви помага да најдете позитивна корелација меѓу вашите одлуки и резултатите кои ги добивате, особено на полето на здравјето. Марс влегува во Близнаци во сабота и ве инспирира да го смените својот пристап кон интимноста и сексуалноста. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун ви носи креативни решенија.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Споделете ја својата вистина. Во четврток со тригонот на Венера и Јупитер дајте му име на она што го чувствувате и споделете го тоа со личноста која треба да ја слушне вашата вистина. Марс влегува во Близнаци во сабота и ве мотивира да се потрудите да ги разберете другите, но и да бидете разбрани. Опозицијата на Меркур и Нептун ве инспирира да ги проверите приказните кои си ги кажувате себеси и ги споделувате со другите во однос на вашата работа.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Сигурноста е неопходна, драги Јарци. Со тригонот на Венера и Јупитер во четврток ќе се потпрете на оние кои се одговорни и кои ги почитувате. Марс влегува во Близнаци во сабота и ве мотивира да се посветите на навиките кои го креираат вашиот идентитет. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун ви помага да направите баланс меѓу малата и големата слика. 

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Безбедно е да им верувате на другите, драги Водолии. Тригонот на Венера и Јупитер ви помага да одредите кому можете да верувате и на кого можете да се потпрете особено ако преземате некаков ризик. Во сабота, Марс влегува во Близнаци и ве поттикнува да се посветите на градење самодоверба и креативни вештини. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун ви носи инспирација да ги живеете своите вредности и да се чувствувате добро во однос на тоа.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Посветете се на малите нешта. Тригонот на Јупитер и Венера во четврток бара од вас да обрнете внимание на луѓето кои ви го нудат своето внимание. Марс влегува во Близнаци во сабота и ве насочува кон луѓето кои ви даваат чувство на сигурност и радост. Во недела, опозицијата на Меркур и Нептун ви носи потреба да ги решите недоразбирањата, но и да сфатите дека тие се неопходни за продлабочување на врската.

Прочитајте повеќе тука