Што ни носи хороскопот во периодот меѓу 13 и 19 ноември?
Photo by Brooke Cagle on Unsplash
ОВЕН
Нурнете подлабоко. Младата месечина во Шкорпија во понеделник ве поттикнува да се посветите на своите интимни врски и да најдете задоволство во друштвото на оние кои ви значат. Петочната тројка Марс-Нептун ви помага да најдете крај и да се посветите само на оние односи кои го заслужуваат вашето внимание. Во сабота, конјункцијата на Сонцето со Марс ве инспирира да примените емпатија.
Прочитајте повеќе тука.
БИК
Љубовта е најважна. Младата месечина во Шкорпија во понеделник ве инспирира да замислите желби и поставите намери за романса и љубов, особено преку енергијата во која спротивностите се привлекуваат. Петочниот тригон на Марс-Нептун ве поттикнува да се отворите пред своите пријатели и да си пружите взаемна доверба. Саботната врска Сонце-Марс ве инспирира да го најдете она место каде што се чувствувате заштитени и поврзани.
Прочитајте повеќе тука.
БЛИЗНАЦИ
Само мали цели. Понеделничката млада месечина во Шкорпија ви помага да изградите нови цели за личен развој и ќе ве поттикне да одите чекор по чекор, но да не брзате никаде. Петочната Во петок, тригонот на Марс и Нептун ви помагаат да донесете професионална одлука. Саботната конјункција на Сонцето и Марс го усогласува вашето однесување со вашите мисли, емоции и желби за успех.
Прочитајте повеќе тука.
РАК
Изразете се целосно. Во понеделник, младата Месечина во Шкорпија ве потсетува да се фокусирате на искреноста и храброста, бидејќи без нив не можете целосно да се поврзете со другите. Во петок, тригонот на Марс и Нептун ви помага да најдете повеќе надеж и оптимизам и да бидете ранливи пред другите. Во сабота, конјункцијата на Сонцето и Марс е ваша прва можност да споделите нешто важно со друга личност, која треба да го слушне тоа.
Прочитајте повеќе тука.
ЛАВ
Добредојдовте дома. Младата Месечина во Шкорпија во понеделник ве поттикнува да поставите цели во однос на луѓето и местата кои прават да се чувствувате како дома и кои ви носат емоционална сигурност. Во петок, тригонот на Марс и Нептун ви носи самодоверба и тоа на голем начин. Ден потоа, во сабота, со конјункцијата на Сонцето и Марс, инспирирани сте да им дадете име на своите чувства и да најдете баланс во себеси.
Прочитајте повеќе тука.
ДЕВИЦА
Читајте меѓу редовни. Понеделничката млада месечина во Шкорпија ги надградува вашите способности за вербална комуникација со љубопитност, но и невербална комуникација. Во петок, тригонот на Марс со Нептун ве инспирира да го комбинирате вербалното и невербалното кога преговарате за довербата и границите со другите. Во сабота, конјункцијата на Сонцето и Марс ви дава уште една можност да ги покажете вашите комуникациски вештини.
Прочитајте повеќе тука.
ВАГА
Практикувајте го она што го зборувате. Во понеделник, младата Месечина во Шкорпија ве поттикнува да поставите цели во однос на вашите финансии и сигурност. Живејте ги своите вредности според она што е во вас. Во петок, тригонот на Марс и Нептун, ве инспирира да ја слушнете мудроста на своето тело и да обрнете внимание на своето здравје. Во сабота, конјункцијата на Сонцето со Марс ви помага во пракса да го примените она што го знаете за сигурноста.
Прочитајте повеќе тука.
ШКОРПИЈА
Среќен роденден, драги Шкорпии! Во понеделник, младата месечина во Шкорпија во е вашиот момент да му ги кажете на универзумот сите ваши роденденски желби за да можете да ги остварите. Во петок, тригонот на Марс-Нептун ве мотивира да се потпрете на вашата духовна пракса за поголемо чувство на самодоверба. Саботната поврзаност на Сонцето со Марс во вашиот знак ви нуди слобода и возбуда по кои долго копнеевте.
Прочитајте повеќе тука.
СТРЕЛЕЦ
Време е за едно патување. Во понеделник, младата Месечина ви помага да се насочите кон иднината и да се осврнете на својата визија за да ги остварите своите цели. Во петок, тригонот на Марс и Нептун ви носи убаво множество на емоции. Во сабота, конјункцијата на Сонцето со Марс ви помага да се ослободите од навики кои не ви носат ништо добро.
Прочитајте повеќе тука.
ЈАРЕЦ
Моќта е во вас. Во понеделник, младата Месечина во Шкорпија ги насочува вашите намери кон заедништво и поврзување, но и социјална правда. Во петок, тригонот на Марс и Нептун ви носи ранливи разговори со вашите пријатели. Во сабота, конјункцијата на Сонцето со Марс во вас ги буди вашите лидерски способности, затоа искористете ги на добар начин.
Прочитајте повеќе тука.
ВОДОЛИЈА
Време е да блеснете. Понеделничката млада месечина во Шкорпија ги насочува вашите намери кон вашата кариера и ве учи како можете да ги искористите вашите лидерски вештини за да стекнете подобра положба. Во петок, тригонот на Марс-Нептун ја поврзува вашата кариера со вашите вредности за да можете да донесете некоја тешка одлука. Во сабота, конјункцијата на Сонцето со Марс ви дава амбиција и енергија да продолжите напред кон вашите цели.
Прочитајте повеќе тука.
РИБИ
Добро патување, драги Риби! Во понеделник, младата месечина во Шкорпија ги буди вашите намери за мудрост, патување и образование за да можете да го стекнете учењето што сакате да го промените она што треба да се промени. Во петок, тригонот на Марс-Нептун ве води во авантура! Во сабота, конјункцијата на Сонцето со Марс е вашиот момент да го примените она што сте го научиле оваа недела на мал, но важен начин.
Прочитајте повеќе тука.