Оваа недела започнува со силна огнена енергија благодарение на тригонот меѓу Месечината во Овен и Марс во Стрелец, но многу брзо темпото се менува.

Photo by Urban Gyllström on Unsplash
Преминот на Месечината во Бик веднаш нè приземјува и ни покажува дека не можеме да избрзаме со процесите што бараат стабилност, внимание и трпение. Овие први денови носат јасен контраст: од брза инспирација кон потреба за тивко, практично организирање на реалниот терен под нас.
Средината на неделата е најинтензивна. Месечината во Близнаци се спротивставува на Венера, а веднаш потоа полната Месечина во истиот знак ги осветлува нашите идеи, комуникациски навики, односите со блиските и менталниот товар што го носиме. Ова е момент кога некоја вистина станува јасна, кога нешто се финализира или кога конечно гледаме што ни го троши умот и што треба да оставиме зад себе. Полната Месечина бара искреност без драматизација, завршување без вина и ослободување од нешто што одамна го носиме.
Што ги очекува хороскопските знаци?
ОВЕН
Оваа недела за вас носи активирање на теми поврзани со иницијативата, личната дисциплина и потребата да забавите тогаш кога инстинктот вика да забрзате.
Почетокот на неделата е силен: Месечината во Овен во тригон со Марс во Стрелец ви дава оган, храброст и чиста, директна енергија да тргнете напред со нешто што одамна стои во нацрт. Сепак, веднаш потоа Месечината преминува во Бик и ве враќа на земја, што создава потреба да направите разлика меѓу импулс и вистински приоритет. Не можете да избрзате со процесите што бараат трпение; првите два дена ви покажуваат точно каде треба да вложите сила, а каде треба да се стабилизирате.
Прочитајте повеќе тука.
БИК
Оваа недела за вас носи мешавина од стабилизирачка и провокативна енергија, која бара да бидете истовремено приземни и флексибилни.
Почетокот на неделата со Месечината што влегува во вашиот знак ја буди потребата за тишина, контрола и јасни граници. Чувствувате дека сакате да го забавите темпото, да ја допрете реалноста со две нозе на земја и да се дистанцирате од брзањето на другите. Но квадратот со Плутон активира нешто подлабоко: тема околу моќта, довербата или одговорностите кои некој ви ги префрлил. Нешто што мислевте дека е под контрола излегува од рамнотежа, и можеби ќе сакате да се повлечете, но транзитите бараат да разберете што навистина се случува пред да донесете заклучок.
Прочитајте повеќе тука.
БЛИЗНАЦИ
Оваа недела за вас носи забрзана ментална енергија, но истовремено и моменти кога ќе почувствувате дека треба да бидете повнимателни со зборовите, реакциите и очекувањата.
Почетокот на неделата е релативно неутрален, Месечината во Бик ве успорува и ви дава потреба за мир, дистанца и затворање на отворени прашања. Но квадратот меѓу Месечината и Плутон веднаш активира тема што ве турка да преиспитате однос со авторитет, некој со кој делите одговорности, или ситуација во која не сте сакале да се вклучите, но сте морале. Ова е момент каде што вашата природна флексибилност ќе ви користи, но не и вашата тенденција да бидете расеани.
Прочитајте повеќе тука.
РАК
Оваа недела за вас носи постепено градење на внатрешна сила, но и потреба да ја регулирате емоционалната динамика со која се соочувате.
Почетокот на неделата започнува со Месечината во Бик, што ви дава стабилност, практичност и чувство дека не мора да се брзате. Но квадратот со Плутон може да отвори тема поврзана со довербата, одговорностите или нечие влијание врз вас. Можно е да почувствувате дека некој притиска на вашиот емоционален простор или се однесува непредвидливо, што кај вас активира потреба да се повлечете. Тоа е исправно, оваа недела првиот импулс не ви е непријател, туку показател.
Прочитајте повеќе тука.
ЛАВ
Оваа недела за вас носи динамична, огнена енергија, но во исто време и неколку моменти кога треба да го успорите внатрешниот импулс и да внимавате на комуникацијата.
Почетокот на неделата започнува со силен подем: Месечината во Овен во тригон со Марс ви дава самодоверба, мотивација и јасно чувство дека сакате да се движите напред без одложување. Но преминот на Месечината во Бик веднаш го менува темпото, одеднаш се бара стабилност, практичност и внимание на деталите. Оваа комбинација ве тера да правите планови, а не само да се потпирате на инспирација.
Прочитајте повеќе тука.
ДЕВИЦА
Оваа недела за вас носи мешавина од ментална будност, внатрешна критичност и потреба да се прилагодите на динамиката околу вас без да ги изгубите сопствените стандарди.
Почетокот на неделата започнува смирено со Месечината во Бик, што ви дава стабилност, јаснотија и рационален поглед на обврските. Но квадратот со Плутон отвора тема што ве провоцира да преиспитате контрола, граници или нечија влијателна позиција врз вашите одлуки. Ова не мора да биде конфликт, но е сигнал дека некое чувство или навика треба да се смени за да избегнете долгорочно оптеретување.
Прочитајте повеќе тука.
ВАГА
Оваа недела за вас носи силна потреба за баланс, но и неколку ситуации што го тестираат вашиот мир. Почетокот на неделата започнува со Месечината во Бик, која ви дава стабилност, контрола и потреба за практични решенија. Но квадратот со Плутон ви го отвора прашањето на довербата и границите — нешто што долго сте го држеле под површина може да се појави во форма на непријатно чувство или разговор. Ова не е момент за импулсивни реакции, туку за тивко и рационално согледување: што е навистина ваш товар, а што е нечија проекција врз вас?
Прочитајте повеќе тука.
ШКОРПИЈА
Оваа недела за вас носи длабока внатрешна преработка, продлабочена интуиција и неколку ситуации што ве тераат да реагирате со зрелост наместо со интензитет. Почетокот на неделата, со Месечината во Бик и квадратот со Плутон, отвора тема во односите,не мора да е конфликт, но е јасен момент на освестување: што ве оптоварува, кој ви врши притисок, или каде постои нерамнотежа помеѓу давање и земање. Ова не е случајно; транзитите бараат да забавите и да ги увидите фините линии на динамиката што веќе подолго време ја игнорирате.
Прочитајте повеќе тука
СТРЕЛЕЦ
Оваа недела за вас носи силен внатрешен подем, но и неколку моменти кога ќе треба да внимавате на комуникацијата и да го одржувате ритамот стабилен. Почетокот на неделата со Месечината во Бик ви дава контролирана, практична енергија, нешто што за Стрелците не е природно, но оваа недела ви помага да се стабилизирате. Квадратот со Плутон отвора тема околу обврски, рокови или ресурс што бара сериозен пристап. Не е момент за брзање, потребно е да ги видите деталите пред да заминете во нов правец.
Прочитајте повеќе тука.
ЈАРЕЦ
Оваа недела за вас носи сериозен фокус, потреба за практични решенија и враќање кон дисциплината што ве прави стабилни. Почетокот на неделата започнува конструктивно со Месечината во Бик — земјена енергија што ви помага да ги организирате мислите, финансиите и работните задачи. Но квадратот меѓу Месечината и Плутон активира тема околу личните граници, контролата и очекувањата на другите. Некој може да бара премногу од вас или да создаде притисок, а вие како и секогаш ќе сакате да издржите. Неделава учите дека не секоја тежина е ваша задача.
Прочитајте повеќе тука.
ВОДОЛИЈА
Оваа недела за вас носи ментална будност, потреба за флексибилност и неколку моменти кога ќе треба да прифатите дека не можете да контролирате сè — ниту туѓите реакции, ниту сопствената емоционална динамика. Почетокот на неделата започнува со Месечината во Бик, што ве става во поинтровертна, тивка и практична енергија. Но квадратот со Плутон во вашиот знак може да отвори прашање околу личен простор, иденитет или нечиј обид да влијае врз вас. Ова не е момент за бунт, туку за трезвено согледување: каде сте цврсти однатре, а каде реагирате од навика.
Прочитајте повеќе тука.
РИБИ
Оваа недела за вас носи длабоко внатрешно слушање, емоционално расчистување и неколку ситуации што бараат трпение наместо брзи одговори. Почетокот на неделата започнува со Месечината во Бик, која ви дава потреба за мир, ритам и смиреност. Но квадратот меѓу Месечината и Плутон веднаш ја отвора темата на внатрешна тензија — можеби нешто што не сте го кажале, грижа што ја потиснувате или чувство дека не можете да влијаете на туѓите очекувања. Ова не е момент за реакција, туку за набљудување: што ви тежи, што е навика, а што е вистинска потреба.
Прочитајте повеќе тука.