Неделава се заловуваат бездомни кучиња во Центар

Од ЈП Лајка информираат од вчера заловувачкиот тим на ЈП Лајка започна со стратешко заловување во општина Центар.

-Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (20-24 март) ќе заловува во општина Центар. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман, информираат оттаму. 

Доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, треба да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на info@lajka.com.mk.