„НЕ за францускиот предлог“ - вечерва граѓански протест пред Влада

Под мотото „Да го заштитиме националното достоинство!“ вечерва пред Влада се најавува голем протест. 

Истиот е закажан за 19 часот, а е со цел да се каже „НЕ“ на францускиот предлог за решавање на спорот со соседна Бугарија. 

-Излези за Македонија! Не ти треба друга причина иако ги има премногу. Ни го земаа името, ни ја сакаат историјата, ни го порекнуваат идентитетот и јазикот. Да не дозволиме и овојпат без борба, да останеме без најсветото. Народ кој спие или умира или се буди како роб. Ние ќе се разбудиме како асимилирани бугари!Излези за Македонија. Не ти треба друга причина. - се наведува во повикот кој кружи на социјалните мрежи.