Не треба од никого да барате дозвола за да го живеете својот живот

 

Никому не должите објаснување. Не треба никому да му се извинувате. Не треба да барате ничија дозвола да го живеете својот живот. Да ​​бидете мирни, среќни и исполнети. Бидејќи како и да е, секој има своја вистина и свој поглед на работите. И идеја за тоа како треба вие да живеете. И тоа најчесто се оние кои и самите не живеат среќен и исполнет живот.  

Затоа живејте по свое. И другите ќе го почитуваат тоа исто колку што вие самите се почитувате. И ќе ве сакаат онолку колку што се сакате себеси. И тие ќе бидат со вас ако се вистинските луѓе, а ако не се, тогаш и не ви требаат.

Ако храбро чекорите по својот пат, луѓето околу вас ќе се променат. Ќе се вртат кон она што е посилно и поавтентично. Кон оние кои и самите ја живеат сопствената смисла. Без оглед на сè и сите... 

Затоа бидете свои. За останатото не грижете се, бидејќи сепак сè ќе се нареди додека одите по својот пат.

Не сте родени да бидете копија на просечниот, туку најубавиот можен оригинал. Ѕвезда! И тоа најсјајната што можете да бидетe!

Затоа што на светот му се потребни луѓе како вас. Колку и да мислите дека не сте толку важни. 

Затоа одете и живејте го своето значење!

Затоа што сè друго е бесмислено. ♥ ️

~ Ива Брадариќ