Не треба да трчаш по мене, само дај ми причина да не побегнам

Во минатите врски бев повредена и затоа сега се плашам од нова љубов. Се плашам од врски и некој повторно да ме повреди. Ми се случува да се запрашам зошто толку често ги одбивам луѓето од себеси. Но, свесна сум дека тоа е затоа што не сакам повторно да завршам со скршено срце, па затоа секогаш сум дистанцирана. Поради тоа, ми се случувало да изгубам добар маж, некој кој бил достоен за моето внимание. Но, тоа најмногу се случува затоа што не се препуштам до крај од страв да не бидам повредена. Свесна сум дека ова однесување нема да ми донесе ништо добро, но не можам да си помогнам. Морам некако да се заштитам себеси од страдање и болка. Затоа и мислам дека секој маж кој се заљубува во мене треба да знае дека јас сум малку чудна личност, но тоа е само затоа што имам поминато низ лоши периоди во животот.

Не сакам повеќе да бегам од иднината и постојано да се спасувам од нешто непознато, да ја прекинувам секоја врска уште пред да ѝ дадам шанса. Па така, ако некој се покаже дека е различен од другите и дека може да ме сака ваква каква што сум, и ако ми покаже дека нема да ме искористи, има големи шанси да се препуштам во таква врска. Сакам само некој да ме погледне во очи и да ми дозволи да му ја видам душата и да видам дека има чисти и искрени намери, дека нема да ме напушти кога ќе му се здосади. Ако покрај некој го најдам својот дом, јас ќе бидам способна конечно да се препуштам до крај, знаејќи дека конечно сум на вистинскиот пат и дека некој ќе ме сака онака како што заслужувам.