Не ти недостасува твојот бивш дечко, тебе ти недостасува љубов...

Мислиш дека тој ти недостасува? Мислиш дека ти недостасува начинот на кој ти ја држел раката во лето или начинот на кој зимно време те топлел со прегратките? Или начинот на кој ти го изговарал името? 

Ова е вистината, тебе ти недостасува љубов. 

Тебе не ти недостасува неговата рака. Тебе ти недостасува рака која ќе те држи. Тебе не ти недостасуваат неговите усни, туку ти недостасуваат усни кои ќе ги бакнуваш. Тебе не ти недостасува начинот на кој те тешел кога си била ранлива, туку ти недостасува некој да биде покрај тебе. Ти недостасува љубов која никогаш нема да згасне. Ти недостасува доверба. Ти недостасува некој кому ќе ги кажеш сите твои тајни и желби, а тој ќе те слуша и ужива. Тебе ти недостасува човек на кого ќе можеш да се потпреш кога ќе ти е потребно тоа. А не некој кој побегнал без воопшто да знаеш што е проблемот. 

Те молам немој да ја мешаш твојата осаменост и твојата дупка во срцето со „љубовта“ кон него.

Ти повеќе не го познаваш. Можеби и никогаш не си го познавала. Ти повеќе не го познаваш. Не знаеш која му е омилена кошула, омилен пијалок, ниту пак знаеш на кого се насмевнува кога ќе му заврши денот. Повеќе не го познаваш мажот кој си го сакала. Па така, не може да ти недостасува некој кој е странец за тебе. Не може да ти недостасува некој кој ти е само познаник. Дух од минатото. Спомен. 

Оваа празнина која ја чувствуваш не е поради тоа што тој не е повеќе во твојот живот. Тоа е само отсуство на љубов. Потреба за нечија близина. За некој кому ќе можеш да ги искажеш сите твои стравови, некој кој ќе те заштити, смири и ќе биде покрај тебе. Тебе ти недостасува некој кого ќе го сакаш. 

Твојот поранешен дечко е некаде далеку. Тој повеќе не е човекот кој си го сакала, а и ти не си истата девојка. Луѓето се менуваат од ден на ден. Затоа што секој ден носи нешто ново. И затоа прифати и сфати дека тој не е човекот кој го сакаш, ако беше – немаше да исчезне од твојот живот.

Ти само копнееш по љубов. Копнееш по чувството да ти треба некој и некому да бидеш потребна. Сакаш да бидеш обожавана. И во тоа нема ништо лошо. Нема ништо лошо во копнежот за љубов. Само немој да го мешаш тоа со копнеж за љубов од минатото. Не ја мешај таа празнина, затоа што него повеќе го нема. 

Тебе ти недостасува љубов, а не тој. Ти повеќе не знаеш кој е тој и каде е, но добро знаеш што е љубов. Тоа е љубов која засекогаш ќе трае, а не маж кој си заминал пред две-три години.