Не сум судија, но зошто пари од продадена нива се нашле во ѕид, коментира премиерот за скандалот со судијата Ристов

Премиерот Христијан Мицкоски вчера вечер во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 го коментираше случајот со заѕиданите 350.000 евра на родителите кај судијата Ѓоко Ристов.

Мицкоски не сакаше да коментира како премиер, туку како човек и кажа дека не му е јасно зошто пари од продадена нива се нашле во ѕид, туку дека има многу поконвенционални начини за чување на пари.

„Јас не сакам да се претворам во судија ниту да критикувам. Како човек, навистина ми беше сето тоа лошо за гледање, затоа што и да е вистина дека е продадена нива легално и сето тоа поминало низ сите легални процедури, не разбирам зошто парите би се нашле заѕидани во ѕид. Зошто имате потреба да ги чувате во ѕид? Ако се тие чисти има многу конвенционални начини да ги чувате, нема повод ни причина тоа така да го правите. Мислам дека  им е малку плитко алибито, но оставам судските органи да го кажат своето“, изјави Мицкоски.