Не стивнува тензијата меѓу инвеститорот и жителите од населбата Пржино, каде на крај на слепа улица треба да никне зградата

Не стивнува тензијата меѓу инвеститорот и жителите од населбата Пржино, каде на крај на слепа улица треба да никне зградата.

Во знак на револт, уличката уште синоќа, доби нов изглед. Со црни букви на бела боја, жителите ги испишаа зборовите, почит, маало, жители, право, ДУП, ред... Тие остануваат на ставот дека изградбата на објектот е незаконска.

Но и покрај барањата на жителите, камионите и денеска возеа по истата рута.

Инвеститорот пак останува на ставот дека ги има сите потребни докумени за изградба на зградата. Но и дека гради согласно детално урбанистичкиопт план.

Тензично, со присуство на полиција, било и синоќа кога инвеститорот со кола ги изгазил реквизитите на жителите кои се против изградбата на зградата.