Не смеете да пуштите дете во училиште ако член на семејството е позитивен, предупредува д-р Лазаров

Д-р Ненад Лазаров овојпат со важна порака до родителите и семејствата на учениците. 

„И да немате решение за изолација или позитивен ковид тест, и да имате негативен брз тест од детето,
НЕ СМЕЕ дете да пуштите на училиште ако во семејството има некој актуелно позитивен!“, им порачува тој на граѓаните, откако во Македонија се потврдени неколку случаи на заразени деца и наставници, но и друг персонал во училиштата.