Не сите жени ги заслужуваат цвеќињата, некои грубо ја искористуваат женственоста, порача професорката Бачовска Недиќ во осмомартовската честика

Универзитетската професорка Јасна Бачовска Недиќ со честитка и свој став по повод Меѓународниот ден на жената. 

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ смета дека жените се сеуште дискриминирани. 

Нејзината објава на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во целост: 

- 8 март не е празник на женственоста и мајчинството, но апсолутно и овие аспекти се дел од социјалниот концепт - права на жената. Празник е на борбата за правата на жените. Првичните барања беа: право на глас, скратено работно време и повисока плата. Уште не се остварени.

Жените се сеуште дискриминирани. На сите полиња. Мажите се побројни секаде и тие ги носат одлуките. Мажите имаат поголеми плати, високи менаџерски позиции, голема политичка и патријахална моќ....Да не гњавам со цитати и статистики во овој ФБ памфлет.

Исто така не сите жени ги заслужуваат цвеќињата. На пример, некои грубо ја искористуваат женственоста, со тоа прават огромна социјална штета. Проблем опишан во многу романи и есеи.

За себе сметам дека ги заслужив своите цвеќиња. Пред колегите мажи, пред синот, сопругот, татко ми, брат ми и пред другите жени. Никогаш не го предадов женскиот род и женскиот концепт за социјални права во сите социјални процеси во кои сум вклучена.

Среќен 8 март!