Не се спуштајте на нивото на луѓето кои ве повредиле – така ќе се повредите себеси

Не се спуштајте на нивото на луѓето кои ве повредиле, затоа што така ќе се повредите себеси. Сакате ли да си го затворите животот за насмевки и да си скратите можности да одите напред? Кога во рацете имате можност, прекинете го маѓепсаниот круг на одмазда, затоа што не треба ни минута подолго да останете во него. Сите сценарија кои ги забележувате во животот се тука, затоа што сте ги научиле и низ годините сте ги применувале. На ист начин во секој момент можете да научите и друго сценарио и да сфатите дека одмаздата не е меѓу подобрите избори во животот. 

Немојте да мислите дека да се врати со иста е мера е единствено решение. Какви мислите дека ќе бидат резултатите од битката над некој со внатрешна провалија? Ранети луѓе понекогаш носат најнерационални одлуки. Оттргнете се, пронајдете нов портрет на вашата душа и почнете одново. Кога ќе ги промените мислите, сите други работи ќе почнат да се менуваат. Дозволете нов поглед на светот и поинакви околности да почнат да го бришат она низ кое сте поминале и она кое сте го доживеале. 

Бидете цврсти како карпа во своите вредности, карпата ја удираат од сите страни, но таа им пркоси на нападите. Бидете како сламка во однесувањето, бурите ги виткаат и се обидуваат да ги скршат, но тие даваат отпор на тие удари. Сите страдања низ кои сте прошле ќе имаат смисла кога ќе го промените начинот на размислување и кога ќе престанете секогаш во другите да гледате виновници.

Не се спуштајте на нивото на луѓето кои ве повредиле, затоа што така никогаш нема да можете да го вратите вашето старо ниво. Тешко дека ќе можете да ги вратите стандардите кои сте ги поставиле кога ќе се спуштите во подземјето на вашите шаблони на однесување. Таму ќе најдете и ќе искусите многу работи. Ќе сфатите дека сте ја изгубиле слободата да се издигнете над околностите и дека повеќе немате моќ да го обликувате вашиот живот во правецот во кој заслужувате, а не во правецот во кој ве туркаат другите. Издигнете се и тргнете напред, без оглед на сè!

~ Марио Жувела