Не се смртоносни и меурчињата се опасни само ако се инфицираат од бактерии, вели д-р Пановски за мајмунските сипаници

Мајмунски сипаници - болест која шири страв кај населението. Но, д-р Никола Пановски дели дека нема простор за паника, бидејќи  вакцините од мали сипаници, пружаат голема заштита од оваа болест.  

Во медиумите се објавуваат страшни слики од екстремни случаи кои предизвикуваат страв кај населението.  

-За разлика од вариола вера, мајмунските сипаници не предизвикуваат смрт, рече д-р Пановски за Утрински брифинг и објасни дека меурчињата се опасни само ако се инфицираат од бактерии.

– Пред некој ден слушав дека СЗО вели ако сте вакцинирани од мали сипаници, 85% ќе бидете заштитени од мајмунски сипаници. Кога би било тоа вистина, би било одлично, бидејќи од мајмунски сипаници се сите вакцинирани, додека од вариола вера кои се големи сипаници, вакцинирани се оние кои се постари од 51 година. Значи Југословените два пати, а останатите во светот еднаш. Сите останати не се вакцинирани. Манки покс за првпат е изолиран во 1958 во Копенхаген. Слична покс сипаница е варичелата, што ние ја викаме овчи сипаници, а врска нема со овци. Во иста фамилија спаѓаат вариола вера, мајмунски сипаници и вакциниа, појаснува д-р Пановски. 

Микробиологот Пановски, вели дека мајмунските сипаници се покс сипаници.

-Тоа се кога излегува меурче. Ова со децении трае. Стручен назив е вариола вера, но Англичаните го викаат смол покс. Нашите новинари, а понекогаш и стручните лица го преведуваат како мали сипаници. Кај нас малите сипаници најчесто ги викаме морбили, додека смол покс и ние и Србите, Хрватите, Русите ги викаме големи сипаници, вели Пановски.