Не се плашете да ги изгубите луѓето кои не се плашат да ве изгубат вас!

Чао.

Сите врски не се вредни толку за да останете во нив.

Многу е важно да проверите како се чувствувате и како се однесуваат со вас. Многу е лесно човек да стане мрзлив и да се изгуби во монотонијата на врската и да заборави на тоа како е да се има вистинска страст и љубов.

Само зато што ви е удобно, не значи и дека е правилно.

Треба да се чувствувате повеќе од удобно. Треба да чувствувате дека личноста која ве прегрнува знае што прегрнува.

Секако дека луѓето се луѓе и дека понекогаш заборават да вложат труд во врските. Животот е хаотичен и се случува и тоа. Но, се што треба за да се поправат работите е искрен разговор за запоставувањето и за тоа дека треба да се внесе нешто ново.

Не треба да се борите за внимание или нежност, тие треба да ви бидат дадени природно.

Покажувањето љубов треба да дојде спонтано и едноставно.

Постојат 100 различни работи кои свесно треба да ги направите за да ја одржувате врската. Љубовта не треба да биде една од нив. Ако мислите дека другата страна и не е баш најсреќна поради тоа што е со вас, тогаш зошто да бидете со нив?

Знаете дека љубовта е повеќе од тоа. И не се задоволувајте со ништо помалку.

Врските не вредат ако мислите дека другата личност не сака да биде со вас.

И двајцата треба да се сметате за среќни луѓе, а ако тоа не е случајот време е да продолжите понатаму.

nike air max 1 sale