Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари, и посочи дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор. Мицкоски исто така дополни дека тие како Влада се должни според уставот да се грижат за социјалниот мир.
„Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме. Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата. Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор“, истакна Мицкоски.