Не се чувствувајте виновно ако сте прекинале долга врска во која немало доволно љубов

Правете ги работите кои ги сакате и уживајте во моментите. Некои работи само еднаш се случуваат, а некои брзо поминуваат. Не мора да правите нешто за да задоволите нечии барања, мислете на себе. Поставете се себеси на прво место, почитувајте се и ценете се себеси. 

Не се чувствувајте виновно ако те прекинале долга врска во која немало доволно љубов, почит и внимание. Не сте должни никому да се правдате. Не се помирувајте со „фрлени трошки“, заслужувате многу повеќе. Заслужувате дела, а не само зборови. Не е грев тоа што сте сами, не би требало да бидете со некого само затоа што сите ви велат дека ви е „време да се смирите.“ Вие треба првенствено да си бидете најважни сами на себе, и кога сте сами и кога сте во врска. Кога работите на себеси и станувате свесни за вашите можности и квалитети, можете да направите многу работи. Терајте по својот пат. 

Избирајте пријатели, ценете ги оние вистинските кои се секогаш покрај вас. Треба да ги препознаете оние вистинските, ретките, кои не служат само за пиење кафе и озборување, туку се покрај вас и кога е тешко. Не сте помалку вредни ако не сте ја добиле работата, вашето време сигурно ќе дојде. Секој ја добива својата шанса. 

Не треба да одите онаму каде што не се чувствувате добро, меѓу луѓе кои не прават да се чувствувате добро. Не треба да го сторите тоа ако не се чувствувате опуштено и искрено. Затоа што вие треба да и бидете најважни самите на себе и на луѓето кои искрено ве сакаат баш такви какви што сте!