Не сакам следачи на социјални мрежи, сакам исполнета душа и искрена љубов

Нашиот свет заборави како да се поврзува. 

Дозволуваме новото барање за следење/пријателство да ни мами повеќе насмевки отколку онаа насмевка во продавница. Користиме кратки разговори за да ја прекинеме тишината, а не правиме ништо за да ја задоволиме душата.

Наместо да се отвораме кон универзумот, пливаме во плитки води плашејќи се од жртви.

Одиме на состаноци. Пиеме вино. Зборуваме со часови. Се срамиме од прашања кои нашето срце сака ги постави, срце кое сака да разбере и да се поврзе со другите. 

Врските со луѓето се она што му дава живот на нашиот душевен живот, а сепак токму тоа е она од кое ја тргаме главата, затоа што некако тоа нè ужаснува. Му го даваме на светот она што медиумите ни велат дека е прифатливо. Никој не ѝ дава шанса на душата да заблеска во полн сјај. 

Ние имаме див секс и тоа го нарекуваме љубов, затоа што потребата да се поврземе на душевно ниво моментално ни е поттисната. Изгубивме храброст за тешки разговори. 

Бидете ранливи. Бидете искрени во вашите намери. Но, следење на друштвени мрежи е полесно. Симнување на апликации за состанување и флертување е помал ризик. 

Требаше да се родам неколку векови порано затоа што ова не е мој стил. Попрво би гребела со нокти по табла, отколку да пијам вино и да слушам како го расфрлаш своето его по мосата. Тоа што работиш мене никогаш нема да ми биде важно. Важно ми е кој си ти! И под тоа не мислам на нешто опипливо, мислам не нематеријалните вложувања кои не можам да ги видам гледајќи го твојот профил. Важни се карактеристиките кои ќе го освојат моето осрце. Искуствата кои ти ја дале интелигенцијата за да ме предизвикуваш.

Претходните љубовни врски во кои си ја имал главната улога ти ја дале самодовербата да ја познаваш жената по која копнееш. Скршеното срце кое ти дало сочувство, без кое чувствителна душа како мојата не може да живее. Отвореност да ја примам големата љубов која можам да ја дадам. Способност да ме држиш, силна или слаба, на ист начин на кој и јас би те држела тебе. 

Јас не памтам кога последен пат сум била на состанок. Затоа што не можам да седам, да пијам вино и многу да зборам, а да не кажувам ништо. Мојата душа е отворена. Сакам да најдам љубов, да се омажам, да се забавувам, да имам деца. Да ги бркам своите соништа и авантури. И да го правам со некој кој е подготвен да стои зад она што е. Кога ќе бидете подготвени да сакате да се поврзете длабоко и искрено, дојдете и најдете ме. И тогаш со задоволство би пиела вино со вас.

Не ме интересираат следачи на социјални мрежи, не ме интересираат лајкови кои наводно треба да покажат некаква симпатија и копнеж, јас само сакам исполнета душа и искрена љубов, далеку од филтерите на Инстаграм и различните апликации за допишување. И знам дека еден ден ќе ја најдам!