Не сакам обична љубов, сакам извонредна страст!

Отсекогаш сум била безнадежен романтичар.

Сакам мали работи како изненадувања, клише пораки, слатки гестови и секако цвеќиња одвреме-навреме. Сериозно паѓам на сите тие работи.

Но, тоа не е она што највеќе го сакам.

Не ја сакам обичната, досадна, лесна, секојдневна врска. Сакам непредвидливост, лудило и малку спонтаност. Сакам љубов која е толку реална што ти се врти во главата.

И највеќе од се, сакам интензивна љубов полна со страст и копнеж.

Зборувам за љубов без која не се може, се или ништо, љубов која ти го поместува тлото под нозете.

Сакам да бидам со некој кој ќе ми го преврти светот, кој ќе ме предизвикува и ќе направи да се чувствувам живо како никогаш досега.

Посакувам човек кој не може да се засити од мене, некој кому ќе недостасувам кога нема да бидам до него и кој ќе ми се јави среде ноќ само за да ми го слушне гласот.

Сакам да почувствувам како целиот мој свет се осветлува.

Сакам да го почувствувам секое чувство и секој допир како што никогаш досега ги немам почувствувано.

Сонувам за некој кој ќе ме залепи за ѕид и кој ќе ме бакне како животот да му зависи од тоа. Тој ќе ме гледа со жар и итност во неговите очи како да сум единственото нешто што е важно во моментот.

Посакувам некој кој ќе ме сака, не само со своето срце, туку со неговото цело битие.

Сакам да танцуваме на дождот и да разговараме до 2 наутро, разголувајќи си ги душите.

Не е важно каде ќе одиме или што правиме, бидејќи што и да правиме ќе биде добро.

Сакам некој кој ќе се плаши да ме изгуби. Сакам некој кој ќе се бори за мене.

Сакак љубов подлабока од било која љубов претходно.

Се надевам дека ќе најдам некој кому ќе бидам потребна како и тој на мене.

Не знам дали постои таква љубов, но знам дека нема да се задоволам со ништо помалку.