Не сакам лажни пријателства и глумење

Не сакам груби и прости луѓе, не сакам дрскост и иронија... Не сакам лажни пријателства и глумење, „тапшање“ во рамо, додека во ракавот држи нож...

Не сакам ни материјалисти, ни амбициозни кариеристи, луѓе кои си даваат за право да им судат на другите, додека не си го гледаат својот двор. 

Но, затоа сакам искреност, едноставна комуникација, луѓето кои знаат да кажат „БЛАГОДАРАМ“ и „ИЗВИНИ“, без оглед на тоа каква диплома имаат, што и да прават во животот. Само сакам да се луѓе.

Преку ми е глава од луѓе кои глумат дека ми се пријатели и дека се на моја страна. Зарем не ви е и на вас преку глава од оние кои глумат дека се покрај вас и во добро и зло, но брзо го откриваат своето лице? Кога работите одат добро тогаш се тука, а кога ќе се појават лоши денови први исчезнуваат.

Малку се оние кои се искрени, кои се покрај нас без оглед на сè. Денес има малку пријатели кои ќе ти подадат рака кога ќе паднеш, наместо да те бутнат во кал.

Затоа, да ги чуваме вистинските пријатели.

Подобро еден вистински отколку 10 лажни пријатели.