Не ни доаѓа памет: Приведено лице од скопско, возел со 1,88 промили алкохол

Синоќа во 19.00 часот во Делчево, полицијата го уапсила 47-годишниот О.Ј од од с.Стајковци, скопско поради возење во пијана состојба.

„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.