Не можеш да побегнеш од немирот, доколку не си изградил мир во себе

Не, не сте уморни од работа... Туку од тоа што не го правите тоа што го сакате.
Не ве исцрпува друга личност, туку тоа што сè уште си дозволувате да ја трпите.
Не боли тишината, туку тоа што сè уште не сте се запознале убаво со неа. 

Не, работите не ја губат смислата, туку вие растете и тежнеете кон нешто повеќе.
Врската не губи јачина сама од себе, туку се менува перцепцијата.
Не можете да побегнете од немирот, ако не сте изградиле мир во себе.

И колку и да барате смисла некаде надвор, таа е во вас.
А ќе ја најдете кога ќе затворите очи. Кога ќе се исклучите накратко од надворешниот свет и останете во тишина.
Во која спознанијата се нижат една по друга. Во која мислите стануваат само облаци кои ги пуштате да одлетаат некаде во бескрај. А сета бучава замира и се претвора во чудо на тишината.
Во која сте сами. А сепак не сте. 

Во која нема никој, но чувствувате присутност.
Во која внатрешната состојба станува толку впечатлива, што она надворешното станува бледо.
А срцето е преплавено до топлината на љубовта и благодарноста.
Толку посебни што не можат да се опишат со зборови. 

Затоа, не се плашете да останете во тишината. Во која ќе спознаете многу работи за себе. 

И ќе сфатите дека не е до околностите. Туку до тоа како ВИЕ ќе се поставите кон нив.
Дека не е до другите луѓе. Туку до тоа што ќе направите ВИЕ.
Дека не е до надворешните промени, туку до тоа дека ВИЕ одвнатре мора да ги започнете.

А потоа тргнувате напред кон некоја нова реалност.

Ива Брадариќ