Не избираш во кого ќе се заљубиш, но избираш кого ќе љубиш

Обиди се да го сакаш оној кој нема да си поигрува со тебе како со некоја играчка, туку некој кој ќе те почитува како целосна личност, твоето тело и твојата душа. 

Обиди се да сакаш некој кој секогаш има убави и позитивни зборови за тебе и кој секогаш ти ги упатува на тебе.

Не избираш во кого ќе се заљубиш, но избираш кого ќе љубиш!

Избери некој кој ќе ти ја прифати ранливоста и тогаш кога сите го вртат погледот од тебе, некој кој ќе разбере дека пред туѓите рани се избираат зборовите. 

Избери некој со кого нема да мора да избираш зборови, туку со кого во секој момент ќе се чувствуваш опуштено и она што си. Избери да сакаш некој кому не му е важно твоето минато, туку иднината со тебе. 

Не избираш во кого ќе се заљубиш, но избираш кого ќе љубиш!

Избери некој со кого ќе имаш слични цели, за да не се разминувате цел живот, избери некој кој ќе те смири кога ќе се чувствуваш вознемирено, со тоа што ќе седне покрај тебе и ќе те фати за рака.

Избери некој со кого нема да треба многу да се расправаш за да се разберете, доволен ќе биде еден поглед и сите работи ќе си дојдат на свое место. 

Обиди се да го сакаш оној кој те прифаќа тебе и она што си, не очекувајќи од тебе чуда кои не можеш да ги дадеш. 

Обиди се да го сакаш оној кој нема да ти создава солзи, туку оној кој ќе ги брише и ќе знае да измами насмевка на твоето лице. 

Не избираш во кого ќе се заљубиш, но избираш кого ќе љубиш!

Настојувај тоа да биде личност која те сака и која ти се дава со цело срце, а занемари го сето она што е помалку од тоа.

~ Марио Жувела