Не им судете на другите, не сте во нивна кожа и не знаете колку страдаат

Почитувајте ги и поздравувајте ги сите – без оглед на тоа какви се.

Не судете, не осудувајте, затоа што немате право и не знаете како му е на оној од лево или на оној од десно, не сте во нивна кожа и не знаете колку страдаат!

Ако имате што да дадете, дајте го тоа од срце и заборавете дека сте го дале, не чекајте да ви се врати.

Почитувајте ги родителите и посетете ги, прегрнете ги... затоа што ќе ви недостигаат кога повеќе нема да бидат тука!

Сакајте ги сие луѓе, но не се поклонувајте пред никого, затоа што никој не е Бог!

Живејте го животот онака какошто мислите дека е најдобро за вас, не се замарајте со трачеви и луѓе кои ви завидуваат, затоа што без оглед на тоа дали ги извршувате работите добро или лошо, пак ќе има луѓе кои ќе ви судат.

Држете се до вашиот пат, бидете праведни...

БИДИ ЧОВЕК И НИШТО ПОВЕЌЕ!